Советување наменето за професионалци во област на човечки ресурси и правни работи

од 24HR

АЦТ! ДОО Скопје како компанија која е препознатлив партнер во професионалната едукација со задоволство ве поканува на престојното советување на тема „Прашања и предизвици во вработувањата и работните односи во ера на менливи околности“. Во ера на менливи околности и промени во начинот на работа, ова советување е несомнено значајно за професионалците во област на човечки ресурси и правни работи во компаниите.

Смената на работните простории во време на пандемијата предизвика значителни трансформации во работата и продолжениот ефект во пост-пандемиските околности, вклучувајќи миграција на работната сила, зголемена флексибилност на работодавачите и конкурентност на пазарот на труд. Овие предизвици имаат исклучително влијание на договорите за вработување и затоа, есенцијално е да се внимава на внесување на одредби што ги регулираат овие нови состојби.

Целта на настанот е да се понудат практични решенија за успешно справување со новите трендови во вработувањето, како и да се пронајдат начини за поекстензивно регулирање на работниот однос. Советувањето ќе биде интерактивно со предавања, примери од праксата и директна комуникација со предавачите кои поседуваат екстензивно искуство во темата која е во во фокус на овој настан.

Советувањето во фокус ги има следните поттеми:

  • Регулирање на работен однос со посебен осврт на работа од дома, односно работа од далечина
  • Видови договори при работа од далечина: задолжителни и препорачани елементи во договори при работа од далечина и други видови договори за вработување
  • Договорни казни во договорите за вработување со посебен осврт на непочитување на: отказен рок, времетраење на договорот и деловни околности и причинување штета на трети лица со постапување или непостапување од страна на работникот
  • Конкурентска клаузула во договорите за вработување со посебен осврт на надоместокот за почитување на конкурентска клаузула по престанок на работен однос
  • Аспекти на регулирање на континуирана едукација во договорите за вработување со посебен осврт на начин, висина и форма на обештетување

Присуството на ова советување не само што ќе ги надополни вашите знаења во областа на правните работи и човечките ресурси, туку и ќе ви обезбеди нови предлози и решенија применливи во пракса.

За подетални информации и пријавување испратете е-меил на obuki@act.com.mk или јавете се на 075/227-126

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...