Со огромно задоволство и гордост ве известуваме дека на 20.05.2024 год., во чест на Денот на Човечките Ресурси, М Кеш и М Брокер организираа успешен Отворен ден за вработување!
Човечките ресурси се основен столб во секоја успешна работна организација. Секојдневно се соочуваат со предизвици и можности кои бараат креативност, воведување на промени и развој на стратегии за да одговорат на потребите на работната организација и вработените, а воедно го обликуваат кадровскиот пејсаж, инвестираат во вработените, креираат и поддржуваат лидери и ги мотивираат вработените да бидат најдобра верзија од себе.
Овој ден не само што ни овозможи да го одбележиме значењето и влијанието на работата на одделот за човечки ресурси, туку го искористивме и за да ги промовираме отворените работни позиции и условите и бенефитите кои ги нудат компаниите М КЕШ и М Брокер како работодавци.
Интересот и посетата од големиот број квалитетни кандидати и потенцијални наши вработени нè мотивира да продолжиме со посветеност кон креирање на квалитетна работна средина.
Им благодариме за интересот на сите кандидати кои не посетија и се надеваме на дологодишна, успешна соработка со оние со кои го збогативме нашиот тим!
Честит ден на сите ЧР специјалисти, професионалци и посветени вработени во оваа област!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.