Како компанија која се грижи за своите вработени, Македонски Телеком креира незаборавни искуства овозможувајќи им на своите вработени да ги доживеат најголемите спортски настани. Најсреќни беа 21 вработен и 12 деца кои го добија својот билет за УЕФА ЕУРО 2024.
Дојче Телеком е официјален национален партнер на УЕФА ЕУРО 2024 што се оддржува во Германија од 14 јуни до 14 јули 2024, па вработените во ДТ групацијата имаат одлична можност да бидат дел од оваа фудбалска треска.
Ја искористивме оваа извонредна прилика и овозможивме колегите, вљубеници во фудбалот, да бидат сведоци на фантастичната атмосфера на натпреварите, да уживаат во енергијата на навивачите и градовитеи да понесат дома спомени кои ќе ги чуваат засекогаш.
На вработените им доделивме 33 билети во 2 категории. Едните беа наменети за оние кои сакаа самостојно да уживаат во еден натпревар, меѓу кои се и првиот натпревар во првата група со церемонијата на отворање на првенството, како и големото финале.
Другиот тип на билети се едно уникатно, поинакво искуство со кое освен за нашите вработени, овозможивме нешто посебно и за нивните деца. Дванаесет дечиња на наши колеги беа знаменосци на натпреварот помеѓу Белгија и Романија. Тие на големиот фудбалски стадион, облечени во магента боја, го носеа знамето на репрезентацијата на Романија.
“Ова е нешто, што не може да се купи со ниту една влезница. Чуството што го доживеавме не можеме со зборови да го опишеме” – изјави дел од нашите вработени. Фамилијарната дружба во Келн, овозможена од Телеком е нешто што ќе го паметат долго време.
Возбудата на дел од нашите колеги ја споделуваме и со вас…
Зоран Милевски – Лидер за Devops активности за мултимедијални и VAS платформи stream
Посетата на EURO 2024 во Берлин беше исполнување на еден сон за мене. Одличната атмосфера, создадена од навивачите на фудбалот од Шпанија и Хрватска, кои ги исполнуваа улиците на Берлин и пулсирачката атмосфера во стадионот, го направија ова незаборавно искуство. Она што посебно би го издвоил беше без сомнение возбудливата игра сама по себе, натпревар што ја демонстрираше вештината на Шпанија и непоколебливата решителност на Хрватска. Сакам да изразам искрена благодарност до Дојче Телеком што ни овозможи да го доживееме ова незаборавно искуство. Да се биде дел од еден таков значаен натпревар во срцето на Берлин навистина беше исполнување на еден сон и длабоко сум благодарен за спомените создадени за време на овој извонреден настан.
Дејан Дабевски – Лидер за планирање и трансформација COE
Одлично искуство и задоволство да се биде таму, на EURO 2024. Бев на првиот натпревар помеѓу Германија и Шкотска, вклучувајќи ја и церемонијата на отворање. Извонредна атмосфера на стадионот и во градот Минхен пред и по натпреварот. Голема благодарност до Дојче Телеком за овозможувањето на оваа шанса да бидеме дел од EURO, како и за одличната организација.
Марина Миткова – Инженер за развој на ИТ решенија 3
Гледањето на моето дете како носи знаме на EURO 2024, опкружено со позитивната енергија на илјадници навивачи, беше момент на неверојатна гордост и длабоки емоции за мене. Атмосферата на стадионот беше возбудлива, а искуството во фан зоната, со поддржувачи од различни земји, беше подеднакво забавно. Благодарам, Македонски Телеком, за ова посебно, извонредно и незаборавно искуство.
Даниела Стаматовски – Координатор за осигурување на приходи
Навистина беше волшебно искуство. Целиот настан беше перфектно организиран, градот Келн со целосната атмосфера беше восхитувачки. Еуфорија која го зафати секој што беше таму. Не се опишува со зборови какво е чувството кога го гледав моето дете како е директно вклучено во настан како EURO 2024! Сите наши деца беа воодушевени, пресреќни за оваа укажана можност да се биде знаменосец на натпреварот Белгија-Романија. Верувам дека е тоа сеќавање што ќе го носат во своите срца засекогаш. Голема благодарност до Дојче Телеком! Сакаме пак.
Горди сме што Македонски Телеком е единствена компанија што ги праќа своите вработени на EURO 2024, и што можеме да ги споделиме овие уникатни моменти со нив!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.