Грижата за здравјето на нашите вработени не е само дел од корпоративната култура, туку и одговорност што нашата компанија ја презема со гордост. Веруваме дека здравјето и добрата енергија се клучот за среќни и мотивирани вработени и посветено работиме да го направиме секој ден попријатен, посреќен и поздрав за сите нас.Затоа ја инициравме кампањата за здравје и благосостојба на вработените.
Проектот “Направи место за себе” носи силна порака која одразува грижа за менталното и физичкото здравје на вработените и е одличен начин да се стимулираат позитивни промени на индивидуално ниво и во организацијата. Преку низа активности, како што се сесии од нутриционист, програми за физичка активност, обуки за ментално здравје, сесии за управување со стрес и баланс помеѓу професионалниот и личниот живот се создава простор за вработените да се фокусираат на себе и на своето здравје.
Внесуваме енергија со нутриционист
Првиот чекор кон поздрави навики го направивме заедно со нутриционистот др. Александар Митов, кој им помогна на колегите со персонализирани планови за исхрана и совети за здрав начин на живот. Од едукативни сесии до индивидуални консултации, сите имаа можност да добијат инспирација за поенергичен и позитивен ден.
Масажи на работното место – Нашите четвртоци никогаш не биле подобри!
Секој четврток е резервиран за релаксација благодарение на професионалните масажи од MySpa. За само 15 минути на работното место, вработените имаат шанса да се ослободат од стресот, да се релаксираат и да се наполнат со енергија! Ова е вистинско уживање за сите кои знаат колку значи момент на релаксација во текот на работното време.
Освен масажите, имаме привилегија преку предавања, практично да научиме како правилно да седиме и како со кратки вежби на работното место да ја вратиме енергијата во текот на денот.
Искачување на Водно – Здрави навики на отворено
Ништо не го крева духот како прошетка во природа. За да го поттикнеме активниот живот, организиравме искачување на Водно – совршена можност за тимска дружба на свеж воздух и активност на отворено. Зајакнувањето на тимскиот дух и поддршката за активен начин на живот беа главните инспирации зад оваа иницијатива.
Ментална благосостојба со life coach и психолог
Во ноември, вниманието го насочуваме кон менталното здравје со сесии предводени од сертифицираниот life coach и психолог Ида Протуѓер. Предавањето, а потоа и индивидуалните сесии се одличен начин за вработените да научат како да се справат со стресот, да го подобрат фокусот и да најдат нова доза позитивна енергија во своето секојдневие. Менталното здравје е клуч за баланс и успех, а ние се грижиме тоа да биде приоритет.
Грижа за жените и нивното здравје
Во рамките на нашите активности, организиравме и едукативно предавање посветено на женското здравје, со фокус на перименопауза и менопауза. На настанот нашите колешки добија поддршка од доктори од Клиниката за гинекологија и акушерство и можност да дознаат како да се грижат за себе во текот на различни животни фази – знаења кои се непроценливи!
Телеком: Место каде луѓето растат и се грижат за себе
Со секој нов чекор и иницијатива, Македoнски Телеком сè повеќе се етаблира како работна средина каде што здравите навики и позитивната енергија се дел од секојдневието. Наша цел е да создадеме средина каде што вработените можат да се чувствуваат добро, поддржано и инспирирано – за секој ден да бидеме најдобрата верзија од себе!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.