Дали сте подготвени за нови предизвици и исклучителни можности? Smart Start, нашата програма која ги инспирира младите да го направат првиот чекор во професионалниот развој, започнува со својот трет циклус!
Во изминатите два циклуса, Smart Start донесе огромен успех. Многу од учесниците денес се дел од нашиот тим во Македонски Телеком, работат на иновативни проекти и активно ја обликуваат дигиталната иднина.
„Македонски Телеком и Smart Start се идеална комбинација за младите кои сакаат да влезат во светот на телекомуникациите и компјутерските науки и да работат со најновите технологии.“
– АНДРЕЈ ШУМАКОВСКИ, Соработник за деловни решенија, учесник во претходниот циклус на Smart Start
Во овој циклус, ќе ангажираме 20 студенти, кои ќе работат на уникатни проекти во области како што се вештачка интелигенција, IoT технологии, дигитална трансформација, мрежна автоматизација и управување со корисничкото искуство.
Зошто да аплицирате?
Smart Start е дизајнирана да ви понуди практично искуство во динамично и технолошки напредно опкружување. Преку програмата ќе работите рамо до рамо со врвни професионалци и ќе научите:
- Како функционираат најновите технологии во пракса.
- Што значи да се биде дел од голем интернационален тим.
- Како да размислувате агилно и да се прилагодувате на постојаните промени на пазарот.
„Средината е многу мотивирачка, имаме работна атмосфера каде сите сме отворени за соработка. Можноста да учам од искусни професионалци и со нив да работам на реални предизвици е незаменлива.“
– БЛАГОЈА МИТРЕСКИ, Помлад инженер за транспорт, учесник во претходниот циклус на Smart Start
Што е Smart Start?
Оваа програма, која трае 6 месеци, нуди ориентација со корпоративните вредности и стратегија, учество во иновативни проекти и стекнување практични професионални вештини. Од ден прв, ќе почувствувате како е да се работи во средина каде што идеите се ценат, а креативноста и иновативноста се наградуваат.
„Опкружување кое ме стимулира да можам слободно да изразувам идеи и да поставувам прашања. Тоа ми помогна да се охрабрам да преземам нови предизвици.“
– МАРИЈА СТОЈАНОВСКА, Асистент за управување со продукти, учесник во претходниот циклус на Smart Start
Дали сте студент на факултет за ИТ, инженерство, економија, маркетинг, е-бизнис, аналитика на податоци или друга слична област? Оваа програма е отворена за сите кои имаат страст за учење, креативно размислување и желба да направат разлика.
„Барав место каде својата креативност можам да ја преточам во реални проекти. Smart Start ми го овозможи токму тоа, па сега влегувам во ново поглавје на лично и професионално ниво и мислам дека нема подобро место за тоа од Телеком.“
– НИНА МАЛИНОВА, Соработник за корпоративни комуникации, учесник во претходниот циклус на Smart Start
Сите проекти за кои може да се пријавите како и деталите за Smart Start можете да ги најдете на нашата WEB Smart Start страница. Пријавете се.
Придружете ни се и бидете дел од тимот што ја создава дигиталната иднина!
Ве очекуваме!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.