Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени – МАЦЕКС и Вита Институт го означија почетокот на процесот за националната сертификација за 2025 „Македонски компании одлично место за работа и живот“, базирана на Quintaum дијагоностиката.
Целта на оваа сертификација е трансформација на македонските компании во инспиративни работни средини каде што добросостојбата и потребите на вработените се основен приоритет. Quintaum методологијата овозможува анализа на над 350 бизнис-сигнали, со што компаниите добиваат практични алатки за зајакнување на организациското здравје, поттикнување на лидерството, иновации, раст, адаптација и подигнување на нивото на искуството и добросостојбата на вработените.
Во рамките на настанот, беше презентиран процесот на сертификација, како и потпишани меморандуми за соработка со партнерите кои ја поддржуваат оваа иницијатива: Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, МАСИТ – Комората за информатички и комуникациски технологии, Друштво на словенечки и македонски стопанственици, M6 Едукативниот центар, Сојузот на стопански комори на Македонија како и Стопанската комора на Северозападна Македонија.
На настанот присуствуваше и амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер кој активно го поддржува процесот на сертификацијата, истакнувајќи ја неговата важност за намалување на одливот на кадар од нашата земја.
Овој значаен процес ќе кулминира со свеченото доделување на сертификатите на конференцијата Firestarter ’25, планирана за април оваа година.
„Се гордееме што ја започнуваме оваа иницијатива која ја трансформира нашата деловна култура и праќа силна порака дека Македонија е место каде што луѓето можат да се развиваат и растат. Quintaum методологијата не е само сертификација, туку стратегија за унапредување на организациското здравје и зајакнување на лидерството,“ изјави Христина Велковска, претседателка на МАЦЕКС и сопственик на Вита Институт.
Со овој чекор, МАЦЕКС и Вита Институт го отвораат патот за градење подобро работно опкружување и повисоки стандарди на македонскиот пазар на труд.
Повеќе фотографии од настанот се достапни за преземање и објавување преку следниот линк: https://we.tl/t-1fOAOJ7lkl
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.