10 интервју прашања за кандидати кои ќе работат од дома

од 24HR

Во денешната глобална економија, сè повеќе работодавци се свртуваат кон далечинска работна сила како дел од нивната стратегија за вработување. За ова е потребно одредено ниво на доверба во вработените кои работат од дома дека истите ќе бидат организирани, продуктивни и самоиницијативни. За да ги испитаат овие меки вештини, регрутерите треба да ги постават вистинските прашања.

Изминатите неколку месеци ни покажаа колку нашите организации (не) се подготвени да го организираат процесот на работа од дома. И додека постојат многу предности за ангажирање на далечинска работна сила, компаниите треба да бидат особено претпазливи при изборот на кандидати кои ќе бидат дел од нивните далечински тимови. Тие, покрај техничките вештини и квалификации, потребно е да поседуваат соодветен сет на меки вештини кои ќе им овозможат да работат автономно и да останат продуктивни со минимален надзор.

За да утврдите дека ги имате вистинските кандатите кои ќе и донесат вредност на вашата компанија, важно да е да ги поставите вистинските прашања во процесот на интервјуирање. За таа цел, издвоивме 10 прашања кои секој регрутер треба да ги постави при регрутација на кандидати за работа од дома.

Како изгледа еден обичен работен ден на вашето моментално работно место?

Одлично прашање со кое може да го започнете интервјуто за работа. Одговорот ќе ви даде увид во организациските способности на кандидатот; ќе дознаете колку добро го организира својот работен ден и како им дава приоритет на задачите. Кандидатите со јасна структура на своите работни задачи имаат тенденција да бидат попродуктивни и поспособни да ја насочат својата енергија на задачи кои носат повисока вредност.

Како го започнувате денот?

Вработените кои имаат некоја утринска рутина која ги става во позитивен начин на размислување, обично се пофокусирани и покреативни во текот на работниот ден. Тие, исто така, се помалку стресни и поголема е веројатноста да имаат здрави навики кои ќе им помогнат да работат поефикасно.

На пример, десетминутната утринска медитација може да има големо влијание врз будноста и чувството за благосостојба во текот на целиот ден.

Што правите во слободно време?

Ова прашање ќе ви даде идеја за способноста на кандидатот да одржува рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот. Луѓето кои имаат различни интереси и балансиран социјален живот, имаат тенденција да бидат поефикасни во управувањето со своето време. Тие знаат што значи да се работи паметно (наместо напорно) и можат да се фокусираат на важни резултати кои ќе дадат најголеми резултати.

Како се исклучувате од работа?

Честопати е тешко да се остави работата зад себе, особено кога лаптопот се наоѓа во истата просторија. Сепак, можноста да се ограничи работното време му овозможува на вработениот да остане ментално и физички здрав, што е клучот за одржување на продуктивноста на долг рок.

Како изгледа вашата работна околина?

Луѓето кои се успешни во работата од дома имаат постојана работна средина која им овозможува да се ослободат од дистракции и да останат продуктивни. Освен тоа, секако, потребно е да бидат опремени со лаптоп, сигурна интернет врска и други алатки потребни за работа. Ако позицијата бара вработениот да комуницира со клиенти преку телефон или видео врска, тогаш кандидатот треба да има посебен работен простор за да се осигури дека нема да биде спречен во работата.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...