93
Локација: Скопје
Флекс Кредит Македонија –водечка финансиска институција во земјата, посветена на иновативни решенија и одговорно кредитирање, ја проширува својата структура и објавува оглас за позицијата: Директор на правен сектор.
Оваа позиција вклучува стратешко управување со правните процеси, активна улога во корпоративното управување и континуирана поддршка на деловното донесување одлуки.
Главни одговорности:
- Го дефинира, развива и имплементира правниот и усогласувачкиот систем на компанијата;
- Го следи законодавството, ги анализира неговите импликации и предлага усогласувања на интерните политики и процедури;
- Раководи со сите активности во доменот на правната заштита, договорните односи, регулаторната усогласеност и застапувањето на интересите на компанијата;
- Воспоставува механизми за превенција и управување со правни и деловни ризици;
- Го советува Извршниот директор и високиот менаџмент при носење стратешки и оперативни одлуки;
- Водечки е во подготовка, ревизија и преговарање на договори, партнерски спогодби и деловни односи;
- Надгледува судски, извршни и административни постапки, како и соработката со надворешни адвокати и институции;
- Учествува во изработка на корпоративни политики и стандарди за правна и деловна етика;
- Го унапредува капацитетот на правниот тим преку развој, обука и поддршка на членовите на секторот.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршен Правен факултет (VII/1 степен);
- Положен правосуден испит;
- Минимум 7 години релевантно искуство, од кои најмалку 3 години на раководна позиција;
- Длабоко познавање на финансиска и облигациона регулатива, извршни постапки, заштита на потрошувачи и трговско право;
- Напредно познавање на MS Office и искуство со дигитални платформи за управување со документи;
- Одлично владеење на англиски јазик.
КЛУЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ И ЛИДЕРСКИ СПОСОБНОСТИ
- Стратешко размислување и силна бизнис-интуиција;
- Висок степен на интегритет, доверливост и професионална етика;
- Способност за донесување одлуки базирани на правна анализа и деловна логика;
- Лидер кој инспирира, обучува и мотивира тимови кон високи резултати;
- Исклучителни комуникациски и преговарачки вештини;
- Одлична организациска способност и управување со повеќе приоритети;
- Прецизност, аналитичност и ориентација кон резултати.
КОМПАНИЈАТА НУДИ:
- Можност за активно влијание врз корпоративните политики и стратегија;
- Професионален и поттикнувачки тим;
- Атрактивен пакет на примања и бонуси врз основа на резултати;
- Можности за континуиран професионален развој и напредување.
📩 Доколку поседувате високо чувство за одговорност, интегритет и желба да бидете дел од водечки финансиски бренд – аплицирајте на:
hr@flexcredit.mk
