понеделник, април 27, 2026
Почетна КолумниДали перформансот е доволен?

Дали перформансот е доволен?

by 24HR

Колумна на Маринела Бошкоски-Менаџер за човечки ресурси во Telelink Infra Services Macedonia

Дали перформансот е доволен?

Неодамна една слика ме поттикна на размислување. Размислување за тоа дали менаџерите гледаат се што треба да видат во тимот или пак гледаат со “очи широко затворени”.

 Се чини дека во компаниите постојат две паралелни вистини.

 Првата е онаа што сите ја знаат и споделуваат, а тоа е дека резултатите се најважни, дека перформансите се мерат, се следат и на крајот се наградуваат.

Во одделите за човечки ресурси постојат цели системи развиени за мерење на перформанси, со евалуации, score карти, индикатори… Сè изгледа логично и научно, менаџерот праведно ги следи  перформансите на вработените, заедно идентификуваат  можности за подобрување.  Мотивацијата на вработениот е поттикната од можноста за континуирано учење со цел да ја достигне најдобрата верзија од себе и со тоа да придонесе кон раст и развој на компанијата.

Но, има и друга вистина, онаа што се учи со искуство и со време.

Во втората вистина резултатите се важни, но не се доволни.

Во реалниот живот во компаниите, покрај тоа колку работиш, постои и прашањето колку се гледа тоа што го работиш.

 Некои вработени тивко решаваат проблеми пред да станат големи, дотолку што понекогаш поминуваат незабележани.

Од друга страна, има и вработени кои знаат како да ја раскажат приказната за својата работа, и се чини дека во корпоративниот свет, тоа е една од поважните вештини.

Оваа вештина не секогаш значи техничка подготвеност и знаење, но е многу битна и кариерно значајна за самиот вработен.

Секако дека постојат и други фактори кои ретко се пишуваат во процедурите, како што се тајмингот, организациските промени и кој е приоритетен проект во даден момент. Понекогаш, едноставно е важно да бидеш на вистинското место во вистинско време.

На крајот, организациите се составени од луѓе, а луѓето носат одлуки врз основа на информации, проценка и интуиција, понекогаш и субјективност.

Јас сум поборник за првата вистина и верувам дека квалитетот треба да биде забележан и кога е тивок.

Која е вашта вистина?

И на крај…сликата😊 …

Related Posts

Leave a Comment