среда, мај 6, 2026
Почетна HR МаркетингНЛБ Банка беше дел од инспиративната атмосфера на DisruptHR Skopje

НЛБ Банка беше дел од инспиративната атмосфера на DisruptHR Skopje

by 24HR

Како пријатели на настанот, НЛБ Банка беше дел од инспиративната атмосфера на DisruptHR Skopje, каде се отворија важни теми за иднината на работата и улогата на луѓето во неа.

Особено сме горди што нашата колешка Елизабета Саздовска , помошник директор во Секторот за човечки ресурси, имаше свое обраќање и сподели силна порака.:
„Во свет обликуван од вештачка интелигенција и брзи технолошки промени, каде организациите сè повеќе се потпираат на податоци, процеси и технологии, вистинската предност се луѓето – луѓето кои се осмелуваат да размислуваат, прашуваат и предизвикуваат.
Бидејќи, додека тишината често се толкува како согласност, се пропуштаат одлични идеи, а пропуштените идеи стануваат изгубени можности, додека неискажаните грижи прераснуваат во проблеми и загуби.


Затоа, создавањето средина во која луѓето се чувствуваат безбедно да зборуваат не е само вредност, туку стратешка неопходност и лидерска одговорност.“

Горди сме што поддржуваме иницијативи кои поттикнуваат отворен дијалог, нови идеи и храбро лидерство.

Related Posts

Leave a Comment