Луѓето се „тајниот сос“ на секоја организација

од 24HR

Серијалот „Љубов кон HR“ на 24HR не застанува и овој понеделник ви ја претставува Марта Кипровска – менаџер за човечки ресурси во Еуротабак.

Таа е скромна, таа е успешна. Убедена дека секој човек има свој потенцијал. Марта ја знаеме како HR Менаџер во Еуротабак. Но позади секој успешен човек стои талент, напорна работа, посветеност, како и љубов кон самата професија. Со една реченица, искуство кое вреди да се сподели. Денес со Марта разговараме за љубовта кон човечките ресурси, нејзините почетоци во HR-от и најголемите професионални достигнувања. Меѓутоа пред да преминеме на главните теми, да слушнеме која е Марта Кипровска?

Читајќи ги досегашните профили на HR експертите на порталот 24HR, се прашував како би се претставила јас кога би имала шанса, земајќи ги во предвид нивните долгогодишни искуства и кариери ?. Јас сум всушност психолог. Студиите ги завршив на универзитетот Webster во Виена и додека ги привршував пост-дипломските студии ми се укажа шанса да работам во една австриска консалтинг компанија која работеше во најголем дел со банкарската индустрија. Тоа беше еден период на транзиција кадешто требаше да решам дали ќе се фокусирам на клиничкиот дел од психологијата или пак ќе научам како може да се аплицира истата во бизнис средина. Бидејќи како личност сум динамична, темпераментна и сакам интеракција увидов дека подобар fit би било сето она што го знам, изучувајќи ја психологијата, да го имплементирам во работата со луѓе во некоја организација.

Верувам во потенцијалот кај секој човек. Верувам дека во здрава средина и со овозможени услови, секој човек може да ја достигне најдобрата верзија од себе. Без разлика дали станува збор за вработени во една организација, пријателство или партнерски однос. Навистина ме интересираат приказните на луѓето, бидејќи тие се мапата до нивните личности.

Марта е веќе 5 години во HR индустријата. Ја прашавме кој е вистинскиот мотив за нејзината љубов кон човечките ресурси?

Луѓето. Дефинитивно, првата причина поради која се инволвирав во HR-от беа луѓето. Луѓето се “тајниот сос” на една организација. Филозофијата на HR, ако можам така да се изразам, не само што ги приближува вработените до менаџментот/директорите, туку и овозможува на една организација системски да ги развива своите луѓе. Преку развојот на луѓето, компаниите вложуваат во оддржлив бизнис.

Дополнително, HR создава вредности во организацијата. Кога кажувам вредности мислам на лојалност, посветеност, пожртвуваност и слично. Голем дел од проблемите со луѓето во една организација може да се надминат само со човечки и искрен разговор – луѓето сакаат да знаат дека нивниот глас е слушнат и дека нивното мислење е важно.

Одличен HR ја предизвикува организацијата да ги преиспита традиционалните гледишта поврзани со вработените и нивната функција во истата.

По завршувањето на своите студии во Виена, Марта се враќа во Македонија и станува дел од Еуротабак. Поразговаравме за нејзините почетоци и нејзината кариерна патека.

Моето искуство во HR е скромно. Прв контакт со одредени аспекти од HR имав во Vieconsult во Виена, кадешто работев највеќе со мерење на перформансот (Performance Management). Тоа беа огромни проекти со Erste Bank и Raiffaisen Bank коишто вкупно заедно имаа преку 3000 вработени и како такви беа огромен предизвик. Во меѓувреме станав сертифициран член во Chartered Institute for Personnel Development (CIPD) во Лондон.

Во Еуротабак започнав во 2015 година. Еуротабак е дистрибутивна куќа којашто имаше преку 200 вработени, кога почнав јас, но немаше сектор за HR. Немаше никакви HR процедури, процеси и системи. Мојата цел беше да го оформам и поставам секторот за HR и слободно можам да кажам дека после 5 години Еуротабак веќе има целосно функционален HR сектор, којшто нормално треба да се усовршува и менува во зависност од бизнисот. Но, успеавме ?.

Бидејќи во Еуротабак немаше веќе поставен HR систем, сите политики, процедури и системи ги креиравме и создававме сами со мојот тим и со помош на консултанти кога имавме потреба. Поради неможноста да гледам и учам од некој поискусен од мене, секоја шанса да го правам тоа беше добредојдена. Минатата година ми се појави една таква прилика кадешто можев да учам и работам покрај HR експерт кој многу го почитувам, Александра Аргир. Во нејзината консултантска компанија, Veri Consulting, работам на проекти како консултант и ги пополнувам сите оние делчиња од сложувалката кои ми недостасуваа кога почнував во Еуротабак.

Секој од нас има свое професионално достигнување кое не прави успешни и горди. Ја прашавме Марта кое е нејзиното?

Дефинитивно можам да кажам дека воспоставување на HR секторот во Еуротабак, од ништо до тука каде што е сега, е моето најголемо професионално достигнување досега. Оние кои работат како HR професионалци знаат кој предизвик е да добиеш buy-in од менаџментот, посебно во компанија кадешто претходно немале претстава што е HR и кои се придобивките од HR.

Јас и мојот тим ги воспоставивме сите HR процеси – од регрутација и почеток на работен однос до прекин на истиот и се измеѓу ?. Имплеменетиравме менторска програма, план за наследници (succession planning) и практикантска програма. Дигитализиравме 80% од процесите во HR преку набавка на софтверско решение. Имаме уште многу да работиме и можноста за подобрување и надградба е неограничена.

Дополнително достигнување за мене беше мојот професионален развој. Јас HR-от го учев преку работата со мојот тим и заедничките падови и достигнувања.

Човечките ресурси стануваат атрактивна кариерна ориентација за сè повеќе млади луѓе. Каква порака има Марта за идните HR професионалци?

Да бидете HR професионалец во нашата бизнис култура е навистина голем предизвик. Да се воспоставите како вистински HR професионалец е константна борба бидејќи голем дел од компаниите кај нас сè уште функционираат на принцип „ако не ми носи профит, не ми треба”. За среќа, се отвораат сè повеќе интернационални компании кои со себе носат огромно HR know-how, има многу повеќе start-ups особено во областа на информатичка технологија кои ја менуваат идејата за тоа што е HR и македонските компании ги менуваат своите традиционални гледишта на тоа што значат луѓето и нивниот потенцијал за организацијата. Сите овие промени отвораат огромен простор за развивање на HR во државава и овозможуваат идните професионалци во областа да имаат изобилство од извори на знаење и пракса.

И секако, за еден HR професионалец да биде успешен мора да сака да работи со луѓе и да верува во нивниот развој. Без овој услов, HR е само „кадрово.”

Неколку зборови за 24HR?

Пред сè, да се заблагодарам што ни овозможувате платформа кадешто може да се информираме и да мотивираме нови таленти со она што го правиме.

Ова е доказ дека има се поголема свест за тоа што е HR и зошто ѝ е потребен на секоја компанија.

Good job!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...