Онлајн трендовите во вработувањето и регрутацијата ќе продолжат и по Ковид-19

од 24HR

Дали регрутерите се подготвени за новите начини на работа?

Додека повеќето организации ги стопираа процесите на вработување за време на пандемијата на Ковид-19, некои од нив се свртеа кон дигиталните канали во потрагата по нов талент.

Ова го покажа најновиот извештај на FutureLearn базиран на истражување спроведено на 315 испитаници во кое е наведено дека четири од пет регрутери користеле барем една техника за вработување од далечина за време на карантинот, а повеќе од две третини (69%) очекуваат да продолжат да го прават тоа и во иднина.

Останатите сметаат дека им треба повеќе тренинг за да се прилагодат на новите начини на работа.

Во однос на хибридните модели на работа, иако беа популарни меѓу голем број организации, повеќе од половина не користеа ништо друго освен техники за далечинско вработување – што значи апсолутно никаков контакт лице в лице со кандидатите.

Прочитајте > Дали HR-от е подготвен за хибриден модел на работа?

Како резултат на ова, само 14 проценти од регрутерите веруваат дека виделе намалување на нивото на несвесна пристрасност во процесот на вработување, додека повеќе од една третина (37 проценти) потешко го пронаоѓале вистинскиот талент на овој начин.

„Пандемијата на Ковид-19 за многу кратко време успеа да ги втурне процесите на регрутација и онбординг онлајн и гледаме дека компаниите ги прилагодуваат своите практики за да се осигураат дека нивните регрутери се во можност да ги идентификуваат талентите и да обезбедат одлично кандидатско искуство во едно дигитално опкружување“, вели Каталина Швенингер, одговорна за човечки ресурси во Future Learn.

Но, како што вели таа, на многу регрутери им е потешко да го пронајдат вистинскиот талент, а наодите од истражувањето јасно покажуваат дека значителен дел од нив не се чувствуваат подготвени и ја немаат потребната обука за да се прилагодат на новите начини на работа.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...