Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на своето прво онлајн HR Caffe & Networking во 2021 година!
МАЧР ве поканува на првиот свој настан во 2021 година, HR Caffe & Networking на тема „Потребата од зајакнување на соработката помеѓу HR одделот и претставникот на вработените (синдикатот), со цел унапредување на работната организација“.
Гостин-говорник на настанот ќе биде г-дин Благоја Ралповски, Претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС).
Настанот ќе се одржи во вторник, 2-ри февруари 2021 година, со почеток во 18 часот, во онлајн формат.
Сите кои се заинтересирани за присуство на настанот, треба да пополнат кратката пријава, кон која можете да пристапите на следниов линк.
„Нам ќе ни биде чест и задоволство доколку и Вие, со Вашето присуство, ја збогатите содржината на првиот настан во организација на МАЧР во 2021 година. На денот на одржување на HR Caffe & Networking, на мејл адресата на сите пријавени ќе биде доставен линк за онлајн пристап до настанот,“ велат од Асоцијацијата.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.