Македонски Телеком освои второ место во категорија „Задоволство на вработените“ на Europe’s Vision Awards

од 24HR

Ова високо признание е заслуга на сите вработени во Македонски Телеком за нивната посветеност, лојалност, свесност и истрајност во извршувањето на работните задачи кои се клучни за компанијата во „новото нормално“ работно секојдневие.

Во рамки на Годишниот состанок на Дојче Телеком Европа, што се одржа на 1 февруари, Македонски Телеком го освои второто место на интерните награди Europe’s Vision Awards во категоријата Задоволство на вработените.

Оваа награда доаѓа по мерењата на задоволството на вработените од истражувањата на пулсот на компанијата во 2019 и 2020 година, особено во доменот на грижата кон вработените и корисниците, справувањето со предизвиците за време на пандемијата со Ковид-19, програмите за здравјето на вработените, посветеноста на колегите кои се во непосреден контакт со корисниците итн.

„Ние знаеме дека грижата за вработените значи грижа за корисниците, а задоволството на вработените значи уште поголемо задоволство на корисниците! Горди сме на високото признание кое ни доаѓа од Дојче Телеком Европа – второ место на Europe’s Vision Award во категоријата Задоволство на вработените и се однесува на грижата за нашите вработени и корисници, справувањето со предизвиците за време на пандемијата, програмите за здравјето на вработените и посветеноста на колегите кои се во непосреден контакт со корисниците. Победуваме затоа што сме посветени, лојални и истрајни!“, велат од Македонски Телеком за 24HR.

Ова високо признание е заслуга на сите вработени во Македонски Телеком за нивната посветеност, лојалност, свесност и истрајност во извршувањето на работните задачи кои се клучни за компанијата во „новото нормално“ работно секојдневие.

Оттаму додаваат дека овие успеси се показател дека заедништвото ги прави тимовите уште посилни.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...