Дојдете на најголемите „Денови на отворени врати“ во Teleperformance Skopje

од 24HR

На 27 и 28 април Скопје ќе биде обоено во боите на Teleperformance бидејќи компанијата ги организира најголемите „Денови на отворени врати“ за познавачите на германскиот јазик!

Ако добро го познавате германскиот јазик и сакате да започнете кариера во најголемата глобална компанија за кориснички услуги не пропуштајте ја можноста и дојдете на „Деновите на отворени врати“ кои ќе се одржат на 27 и 28 април во канцелариите на Teleperformance во Скопје.

За време на овие два дена, вратите на компанијата ќе бидат широко отворени за сите заинтересирани кандидати кои сакаат да дознаат повеќе за можностите за вработување како Агенти за корисничка поддршка, а преку интервју со претставници од Teleperformance истите ќе добијат шанса да ги покажат своите способности и вештини.

На сите што успешно ќе го поминат интервјуто уште веднаш ќе им биде дадена понуда за вработување со почетна нето плата од најмалку 600 евра и бонус за добредојде во износ од 200 евра.

Teleperformance Skopje се наоѓа во Капиштец, во непосредна близина на трговскиот центар Зебра, а за да бидете дел од настанот не е потребна никаква претходна регистрација – доволно е само да се појавите во било кое време од 09:00 до 18:00 часот (точна локација: https://bit.ly/3ecQrd6).

За кандидатите кои не се од Скопје или не за тие што не можат физички да присуствуваат на настанот, на 29 април Teleperformance организира виртуелен “Ден на отворени врати“ каде ќе бидат презентирани можностите за работа од дома како Агент за корисничка поддршка онлајн.

Ова се очекува да бидат најголемите “Денови на отворени врати“ во Teleperformance Skopje каде ќе бидат пополнети најголем број на работни места. Затоа, не пропуштајте ја можноста и заокружете ги 27 и 28 април во вашите календари. Ве очекуваме!

Teleperformance Skopje е локално претставништво на глобалната компанија Teleperformance која има 320 000 вработени во преку 80 земји ширум светот. Компанијата котира на Euronext берзата во Париз, дел е од Global Compact иницијативата на ОН и е сертифицирана како Great Place to Work®.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...