Zalando ги награди вработените со 5 слободни денови за добрите резултати во време на пандемија

од 24HR

Повеќе од 14.500 вработени одат на заслужен колективен одмор!

Најголемата модна компанија за онлајн продажба, Zalando, која забележа раст на продажбата за време на пандемијата, во четврток објави дека на целиот персонал ќе му одобри дополнителна недела одмор како награда за издржливоста во време на изминатите неколку месеци.

Со оваа одлука, повеќе од 14.500 вработени во Zalando одат на одмор од 2 до 6 август како „колективна пауза“ која ќе им помогне на вработените да се опорават од обемот на работа во изминатиот период и да му се посветат на семејството.

Бизнисот на компанијата за време на тие денови ќе продолжи да функционира благодарение на персоналот на неколку критични позиции кој ќе остане на работа. За овие вработени, правото на колективен одмор продолжува да важи и истите ќе го земат својот дел од заслужениот „пандемиски“ одмор во некој друг период.

На крајот на 2020 година, компанијата исплати и бонус од 500 евра за сите свои вработени кои работеа во време на Ковид-19.

Модната компанија со седиште во Берлин објави дека продажбата во првиот квартал од годинава се зголемила за 47% и тоа на 2,24 милијарди евра што ги зголемило изгледите за профит за време на целата година.

Zalando, кој се натпреварува на пазарот со компании од калибарот на ASOS и BooHoo, е основана во 2008 година и опслужува околу 42 милиони клиенти на 20 пазари во Европа.

Нејзината цел е да заземе повеќе од 10% од европскиот пазар за мода.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...