898
Финтек компанијата ИутеКредит започна со акција во која вработените кои за прв пат ќе се вакцинираат до крајот на месецот ќе добијат 5000 денари како бонус на месечниот доход.
Иуте Кредит Македонија како општествено одговорна компанија будно ги следи состојбите со пандемијата Covid 19 и цели кон заштита на здравјето и благосостојбата на вработените и клиентите.
Компанијата силно го поддржува процесот на имунизација и здравствена заштита на своите вработени и токму затоа започна со акција во која вработените кои за прв пат ќе се вакцинираат до крајот на месецот, ќе добијат 5000 ден. како бонус на месечниот доход.
ИутеКредит Македонија апелира до своите вработени, но и до пошироката јавност да се поддржи процесот на вакцинација и што повеќе граѓани да се вклучат во него, бидејќи тоа е единствениот начин до победа на пандемијата и враќање кон нормалното живеење.
