10 основни меки и тврди вештини кои регрутерите најмногу ги бараат

од 24HR

Кога станува збор за меките вештини, мнозинството регрутери ја вреднуваат тимската работа (57%) и комуникацијата (55%), додека за тврди вештини, аналитичките (53%) и ИТ вештините (49%) се на првото место.

Меките наспроти тврди вештини е секогаш актуелна тема помеѓу професионалците за човечки ресурси. Едно истражување на Zety ги идентификуваше најдобрите 10 меки и тврди вештини што работодавците и менаџерите за вработување ги сметаат за највредни.

Ова истражување од 2020 година спроведено на 205 работодавци и менаџери за вработување во САД, исто така, откри и како може точно да се потврди дали кандидатите ги поседуваат овие вештини.

Кога регрутерите биле прашани за меки вештини кои тие најчесто ги бараат, еве ги најчестите 10 одговори:

  1. Тимска работа (57%)
  2. Комуникација (55%)
  3. Управување со време (46%)
  4. Решавање проблеми (45%)
  5. Креативност (44%)
  6. Лидерство (40%)
  7. Организациски способности (34%)
  8. Емоционална интелигенција (33%)
  9. Донесување одлуки (28%)
  10. Управување со стрес (15%)

Кога беа прашани за тврди вештини, испитаниците ги посочија следните:

  1. Аналитички вештини (53%)
  2. ИТ вештини (49%)
  3. Основно познавање на компјутери (47%)
  4. Вештини за услуги на клиентите (44%)
  5. Презентациски вештини(43%)
  6. Менаџерски вештини (42%)
  7. Проект менаџмент (39%)
  8. Маркетинг (37%)
  9. Пишување (19%)
  10. Графички дизајн (15%)

Со оглед на тоа што технологијата е од суштинско значење за нашиот секојдневен живот, не е изненадување што многу регрутери ги вреднуваат ИТ вештините и основните компјутерски познавања на толку високо ниво. Со зголемувањето на работата на далечина, компјутерската писменост станува многу посакувана вештина.

Инаку, според анкетата, повеќето испитаници ги преферираат меките вештини (61%), во споредба со тврдите вештини (39%).

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...