За овие 15 години мрежата на ДЕКРА секојдневно се надополнува со кандидати кои ни веруваат

од 24HR

Интервју со Катарина Тасевски, Менаџер за деловен развој во ДЕКРА

Од моментот кога ДЕКРА за прв пат ги претстави своите услуги на македонскиот пазар до сега, се сменија навистина многу работи. Од трите дневни весници во кои единствено можевте да поставите оглас доколку огласувавте, достапноста на информации за пазарот на труд, преку спроведување на истражување за организациска клима во една компанија со печатен прашалник и моливче, и обработка на податоците во тогашниот ексел внесувајќи со денови информации и рачно спремање на извештаи, стигнавме до момент кога се е буквално дигитализирано и информациите ви се на дланка. Нашите услуги секогаш ги следеа трендовите и напредокот, дури бевме често и предводници на услуги кои за кои нашиот пазар беа новитет и одлично се прифатија. Она кое со задоволство можам да го кажам, како ентузијаст и личност која обожава промени, е дека секогаш се трудиме да бидеме тука за клиентите на најефикасен и најефективен начин, со услуги кои навистина ќе допринесат и помогнат да се подобри и развие внатрешниот ХР систем на секоја компанија, вели Катарина Тасевски од ДЕКРА во интервју за 24HR по повод 15 години од работењето на компанијата во Македонија.

Декра е синоним за квалитет кога станува збор за регрутација на кадри и хедхантинг. Кажете ни нешто повеќе за овие услуги?

Нашите оперативни методи вклучуваат комплетен процес на регрутација и селекција, директно барање (head hunting), како и пристап до нашата база на кандидати и професионална мрежа. Како специјализиран сервис, селектираме кандидати согласно специфичните барања на Клиентот, спецификациите како и работната позиција/позиции кои се во прашање. Она на кое сме особено горди е нашата мрежа која за овие 15 години е толку развиена и навистина е нашиот најголем адут. Регрутацијата на квалитетен кадар веќе одамна не се темели само на поставување на оглас и чекање кандидатите да ви паднат во раце. Секако, користиме најдобри методолошки практики, присвојувајќи сеопфатен пристап кој вклучува најразлични техники за привлекување, проценка и селекција на професионалци, фокусирани на нивно долготрајно вработување.

Во изминатите неколку години постои тренд на дигитализирање на човечките ресурси. Какви методи користи Декра во потрагата по вистинскиот кандидат?

Сите сакаме да зборуваме за дигитализација и современи методи и да, отсекогаш сме биле дел од секоја иновативна можност со воведување на неколку апликации кои се современи и навистина ни даваат уште поголем пристап до квалитетните кадри. Преку DEKRA HR.net, интерактивна веб апликација која дава увид во нашата деловна соработка, и Chat Your Job – платформа која Ви овозможува да примате понуди за работа преку апликациите WhatsApp, Viber, СМС или е-пошта. Користењето на TalentLyft, LinkedIn Proffesional и HubSpot – сето тоа навистина помага при олеснувањето на работата, особено во делот на регрутација. Меѓутоа, морам да напоменам дека дигитализацијата не секогаш е прифатена од пазарот на труд. Имало ситуации каде што буквално за да се најдат соодветни кандидати за позиција во градежништво, регрутерите стоеле на збирните места на ваков тип на работници и регрутирале на лице место 😊

Кој е најдобриот извор на квалитетни кадри според вас?

Нема единствен и нема најдобар извор, секогаш е индивидуално и се прилагодуваме согласно барањатана самата позиција. Како што напоменав – додека едните биле контактирани на Линкдин, други биле пречекувани да излезат од фабрика како би им се претставиле позиција. Иновативноста и снаодливоста на регрутерот е навистина нешто кое се покажало како најефективен начин за стигнување до квалитетни кадри. И секако – репутацијата. Денеска секој може да ви пише на Линкдин, и да ви понуди работа од соништата. Но повеќе од половина нема ни да одговорат доколку немаат доверба во лицето кое ги контактира и компанијата која стои во позадина. За овие 15 години нашата мрежа секојдневно се надополнува со кандидати кои ни веруваат. Горди сме на тоа и се трудиме никогаш да не ја изневериме таа доверба. 

Дали македонските компании се реалистични во поглед на критериумите кои ги бараат кај бараните кандидати?

Она кое можам со задоволство да го споделам е дека во секој процес на регрутација и селекција, нашата улога започнува консултантски. Нашиот пристап е отворен и поддржан со огромни познавања на пазарот на труд. Секогаш се трудиме да посоветуваме и дадеме насоки со цел да се спроведе процес кој ќе биде реален и успешен. Постои една изрека дека ако кандидатот ги исполнува сите услови кои ги барате, тогаш тој кандидат е преквалификуван за работата. Затоа секогаш им потенцираме на нашите клиенти дека некогаш е поважно да ја гледаат мотивацијата на кандидатите отколку да бараат совршен check list.

Како може кандидатете подобро да се „маркетираат“ пред компаниите кои вработуваат?

Сметам дека двете страни треба да се потрудат, да најдат начин меѓусебно да се привлечат. Employer Branding-от навистина им помага на компаниите – зошто да не го искористиме тоа и за кандидатите. Секое досигнување е важно и вредно да се спомене. Сте завршиле дополнителен курс за надополнување на своите знаења од област неповрзана со вашата работа? Вие сте самоиницијативна, мотивирана личност која сака да учи и напредува. Сте постигнале успех, сте биле дел од некоја хуманитарна иницијатива или акција? Нагласете го тоа. Оние 30 минути кои ги добивате на интервју се одлична можност да му покажете на работодавецот дека сте идеалниот кандидат – искористете ги! Научете нешто за компанијата, спремете го вашето CV нагласувајќи ги достигнувањата и знаењата кои се важни во позицијата која се бара, насмејте се и појавете се на интервју 😊 

Каде ја гледате регрутацијата во следните 5 години?

Да прашавте пред две години регрутер/ психолог дали би направил бихејвиорално интервју онлајн, ќе ви одговореше со категорично НЕ. Сепак, промените се случија и сите се адаптиравме согласно можностите. Промените се неизбежен дел од секојдневието. Верувам дека регрутацијата се повеќе ќе се дигитализира и ќе се наоѓаат се покреативни начини да се стигне до идеалниот кандидат. Сепак, тоа ќе не остави посиромашни за она лично искуство и директна проценка во селекцијата, која верувам игра клучна улога во еден успешен процес, особено кога се работи за вклопување односно cultural fit помеѓу кандидатот и компанијата. Но регрутери ко регрутери – и сега, и за 5 години – секогаш ќе успеат да пронајдат успешен начин да ги спојат луѓето и работата. Сепак, во ДЕКРА, тоа го правиме најдобро 😊

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...