DisruptHR доаѓа во Скопје!

од 24HR

DisruptHR е размена на информации кои се осмислени да пренесат искуство, да дадат енергија и моќ на луѓето во HR полето.

Одвреме-навреме се појавува настан што ги размрдува работите, ве тера да размислувате поинаку, ве инспирира. Токму таков настан е DisruptHR – ги премостува границите, внесува иновации, презентира идеи кои го разнишуваат статус квото во светот на бизнисот и работата воопшто.

Настанот го започнуваат Jennifer McClure и Chris Ostoich во 2013 година во Синсинати, Охајо и се базира на неколку едноставни принципи: се презентираат искуства кои се новитети во бизнис светот во кратки презентации кои траат пет минути, за време на кои се презентираат 20 слајдови кои се менуваат на 15 секунди. Настанот сега постои во стотици градови низ светот, отворен е за сите, луѓе кои работат во HR и такви што не работат во овој сектор, но кои имаат идеи вредни за споделување и се поврзани со работата. Повеќе околу тоа како изгледаат овие говори можете да видите тука.

Овој настан за првпат доаѓа во Скопје и во периодот што следи ќе биде објавен повик за говорници, по што ќе се направи селекција на најдобри 14 говори. Ова е навистина интересен начин да се крене свеста за HR во нашата земја, да се даде можност секому да сподели некоја иновација и идеја која функционира во работата со луѓе, но, истовремено, е и начин за зближување на HR заедницата.

За повеќе информации, обратете се на Викторија Дамчевска.

DisruptHR – The rebellious future of HR

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...