Cosmic Development – една од првите компании на македонскиот ИТ пазар која им дава целосна слобода и флексибилност на вработените

од 24HR

„Вработените имаат полно право да си го режираат својот работен ден како што нив најмногу им одговара, според нивната продуктивност и да работат од каде што сакаат. Не практикуваме фиксно работно време со строго одредени почеток и крај на работата, не практикуваме исцрпувачки дневни репорти и слични практики, туку им даваме целосна флексибилност на вработените да работат тогаш кога себеси се сметаат за најсконцентрирани, најпродуктивни и најенергични.“

Cosmic Development е ИТ компанија која е основана во 2011 година со главно седиште во Канада. Она што е доста значајно е што оваа компанија е една од првите компании од ваков вид во Македонија која веќе успешно ја заокружи првата декада од своето постоење и продолжува со својата успешна приказна. Cosmic Development во моментот располага со уште три канцеларии  од кои две во Македонија – во Скопје и Битола и една канцеларија во Србија во Белград. За успешната приказна во Скопје разговараме со Андриана Поповска, Менаџер за човечки ресурси во Cosmic Development.

Кажете ни нешто повеќе за Cosmic Development?

Компанијата работи outsourcing на секаков вид на ИТ услуги. Клиентите со кои соработуваме и за кои испорачуваме услуги се од различни држави, но воглавно сме фокусирани на соработка со клиенти од САД и Канада. Покрај главната дејност – outsourcing-от на ИТ услуги, во помал обем компанијата врши и outsourcing на нетехнички услуги и дејности: од типот на дигитален маркетинг, грижа за корисници (customer support), пишување артикли за цели на клиентите (content writing), фото-едитирање и фото-обработка и сл.

Слободата и флексибилноста се двете суштински работи кои ве дефинираат како компанија. Што значи тоа за вашите вработени?

Точно така, двете најпрепознатливи карактеристики на Cosmic Development се целосна слобода и флексибилноста кои им се дадени на сите вработени уште од нивниот прв ден на вработување, независно од нивната позиција и локација. Навистина ни е мило што сме препознатливи и на некој начин се издвојуваме токму по овие две работи. Слободата и флексибилноста во работењето кај нас постојат и се уживаат долги години наназад, не беа воведени како резултат на пандемијата со Ковид-19.

Што тоа значи?

Тоа значи дека вработените имаат полно право да си го режираат својот работен ден како што нив најмногу им одговара, според нивната продуктивност и да работат од каде што сакаат. Не практикуваме фиксно работно време со строго одредени почеток и крај на работата, не практикуваме исцрпувачки дневни репорти и слични практики, туку им даваме целосна флексибилност на вработените да работат тогаш кога себеси се сметаат за најсконцентрирани, најпродуктивни и најенергични.

Повторно ќе напоменам дека нашата компанија беше една од првите на македонскиот пазар која покрај флексибилното работно време го имаше воведено и бенефитот на работа од далечина (remote work), за вработените да ја уживаат можноста да работат од каде што сакаат.

Посветено и квалитетно извршување на работните задачи ни е најбитно како компанија, како и ослободување на вработените од непотребни норми. Сè додека работните часови се исполнети, испорачаните резултати од работата се со врвен квалитет и клиентите ни се задоволни, сосема е неважно во кој дел од денот вработениот решил да работи и дали тоа го прави од канцеларија, плажа, кафуле, парк, дури и од друга земја.

Секако, исклучок постои во случаи кога целта на проектот бара одредени состаноци, работа во тим и сл. но и во овие ситуации практикуваме и настојуваме истите да им бидат најавени на вработените за да може однапред да го планираат својот работен ден и своето време.

Слободата и флексибилноста овозможени во оваа мера исто така повлекуваат голема доверба која работодавачот треба да ја има кон своите вработени. Како компанија максимално веруваме во секој вработен, нивната работа и посветеност и досега се покажало дека овие бенефити не само што не се злоупотребени, туку напротив се ценети и почитувани.    

Дали Ковид-19 го промени начинот на работа во вашата компанија и како успеавте да се адаптирате на новото нормално?

Со оглед на тоа дека работата на далечина и флексибилното работно време постоеа и пред пандемијата, некои значителни промени и не беа забележани, ниту пак посебни мерки за адаптација беа потребни. Повеќе би рекле, дека како и сите останати, се соочувавме со неизвесност во целата ситуација отколку со промени во начинот на работа. И секако најдовме начин да останеме поврзани преку низа активности и предизвици за вработените особено во периодот на задолжителна изолација. Повеќе за нашиот креативен начин да поминеме квалитетно време заедно и надвор од работата може да прочитате тука.

Бенефитот за работа на далечина и флексибилноста  овозможија  да не биде забележан ниту еден ден застој во работата, негативни последици за вработените или за копманијата а воедно на вработените да им биде овозможена максимална заштита од вирусот без притоа да го нарушат нормалниот тек на работата.

Ние и понатаму работиме од дома, но нашите канцеларии се отворени за работа (доколку некој од вработените сака да работи од канцеларија, доколку некој се соочува со технички проблеми, за состаноци и сл.), секако со почитување на сите мерки и протоколи за заштита.

Дали тоа го засегна и процесот на регрутација и вработување?

Во смисла на негативен исход – воопшто не.

Се покажа дека компанијата на некој начин била чекор пред времето и вовела мерки/опции пред истите да станат задолжителни. Благодарение на флексибилноста и работата од далечина преминот од канцелариско работење во 100% работење од дома во услови на пандемија се случи сосема природно, без проблеми и несакани исходи. Напротив, би рекла дека и регрутацијата експлодираше во текот на минатата и оваа година. Постојано имаме нови отворени работни места за кои активно регрутираме квалитетен кадар.

Какви се плановите за развој на Cosmic Development во иднина?

Планови има многу 😊, мораме да признаеме дека дел од нив зависат и од целата ситуација со Ковид-19. Ние се стремиме кон нивно остварување, но здравјето и сигурноста на вработените секогаш се на прво место.

Она што ни е приоритет е и понатаму да продолжиме по нагорна линија, како во број на клиенти и проекти, така и во број на нови колеги и секако задржување и соработката со постоечките.

Ги охрабруваме сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат критериумите, да се пријават и да станат дел од Cosmic Development https://www.cosmicdevelopment.com/

На нашата страница за кариера може да ги погледнат слободните работни позиции: https://www.cosmicdevelopment.com/careers/

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...