Далечинска работа – дали не прави повеќе или помалку продуктивни?

од 24HR

Ковид-19 предизвика широка транзиција кон работа од дома, а ефектите од тоа се сè уште предмет на анализа.

Работата од далечина ги ограничува значајните меѓучовечки односи на работа, а може дури и да го спречи кариерниот развој на некои вработени.

Иако хибридните модели на работа можеби се иднината за голем број организации, несомнено е дека тие ќе треба напорно да работат за да ја одржат својата култура.

Најновиот извештај на американскиот АДП Институт, кој се базира на податоци од 9.000 вработени во САД, заклучи дека: „Генерално, вработените кои работат во канцеларија уживаат суштински предности во однос на нивните колеги кои работат од дома“.

Повеќето од тие предности доаѓаат од зголемената социјална интеракција, појасните граници меѓу домот и работата, па дури и подобрените кариерни можности.

Позастапените спонтани разговори, посилните чувства за поврзаност и добивањето на конструктивни повратни информации се меѓу областите каде што работниците во канцеларија давале попозитивни одговори од оние што работат од дома.

Спонтана комуникација е важна

Кога сте во канцеларија, поверојатно е дека ќе имате ад хок разговори со вашите колеги – дури 77% од вработените во канцеларија, во споредба со 60% кои работат од далечина, изјавиле за АДП дека тоа важи и за нив.

Од тие 60%, мажите што работат од далечина имале поголема веројатност да имаат спонтани разговори од жените, од кои само 55% рекле дека нивната работна недела најверојатно ќе вклучи по некој непланиран разговор.

Подолг работен ден

Ако работевте многу од дома во последниве месеци, можеби забележавте дека вашиот ден станува подолг. Вработените од далечина, во просек, имаат подолг работен ден – еден час повеќе, според АДП.

За многумина, одговорностите за домашно школување и грижата за деца, исто така, може да довеле до нарушување во текот на редовното работно време и потреба да се израмнат со работа навечер. „Родителите што се враќаат во канцеларија може да се радуваат на поконцентриран и пократок работен ден“, се вели во нивниот извештај.

Хибридна иднина?

Како што ограничувањата за Ковид-19 почнаа да се намалуваат во многу делови на светот, некои компании, како што е Фејсбук, одлучија да ја направат работата од далечина достапна како трајна опција . Други прифаќаат хибриден модел, каде што се очекува присуство во канцеларија, но не секој ден.

Една неодамнешна студија на повеќе од 30.000 американски вработени потврди дека само еден ден неделно работа од дома може да ја зголеми продуктивноста за 4,8% .

Извештајот на АДП, исто така, го фаворизира хибридниот модел, велејќи: „Со оглед на позитивните и негативните страни на работата на лице место, „хибридна“ опција – дел од работата да се врши во канцеларија и дел од дома – всушност може да им обезбеди на работниците најповолни можности за работа.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...