Постојаното учење е мојот двигател

од 24HR

„Имам можност да работам во креативна средина која е извор на иновации“ – Филип Тодосов, А1 Македонија

Кариерата во А1, а и воопшто мојата кариера, ја започнав како практикант во Одделот за грижа за корисници, поточно во Контакт центарот за техничка подрршка на приватни корисници. Можам да кажам дека овој период беше од исклучителна важност бидејќи нашите тренери нè подготвуваат и нè обучуваат за иднината, да бидеме фокусирани, да менaџираме со времето и да можеме самостојно да ги извршуваме работните обврски. Во периодот додека бев практикант подобро ја осознав работата што по 2 месеци почнав да ја работам како вработен со полно работно време на позицијата Помлад агент за техничка поддршка.

Јас пред практиканството во А1 Македонија и Јас потоа…

Многу созреав, на професионално и приватно поле. Моја цел е да продолжам да инвестирам во себе и во своето знаење за да можам уште повеќе да придонесам за компанијата и да бидам горд на себеси и на мојот напредок. Од неодамна сум дел од тимот за онлајн поддршка и во подинамично темпо работиме за подобрување на корисничкото искуство овозможувајќи им на нашите корисници премиум услуги и препознатливост на пазарот.

Покрај низата придобивки во А1, едно нешто е сигурно, а тоа е дека трудот се забележува, се почитува и најважно, се вреднува. Секој вложен напор е препознаен од колегите раководители за што побрзо вертикално движење, но и унапредување. Уште едно нешто што сакам да истакнам е тоа што работата никогаш не е здодевна. Понекогаш е понапорно, понекогаш полесно, но во секој случај подеднакво предизвикувачки и интересно. За поамбициозните, они кои се подготвени да се вложат, постојат безброј проекти и активности (што токму вас ве очекуваат).

Среќен сум на своето работно место кога…

Сакам да помагам. Сакам да го направам денот некому подобар и поубав. Не постои поголемо задоволство кога ќе ја решите потешкотијата на некој корисник од далечина и да придонесете кон подобро корисничко искуство. На новата позиција, пак, со огромен ентузијазам се вложуваме за да бидеме што е можно подостапни на дигиталните канали.

Порака до сите оние кои сакаат да бидат дел од А1 Приказната…

Испратете го вашето CV, бидете подготвени за предизвици и уживајте додека ја градите вашата кариера во А1. Започнете го вашиот кариерен пат, бидете подготвени да вложувате во себе и вашите вештини.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...