Дали и колку е ЧР Менаџер/Директор независен во својата работа?Дали е HR Manager/Director навистина decision maker?

од 24HR

Ако се третира ЧР како услужна дејност во една компанија која треба „само“ да донесе нови луѓе, да администрира во документацијата од работно-правни односи, да се грижи за работните часови итн… Тогаш прво мора да направиме дистинкција дека овде не се станува збор за ЧР туку за кадровска служба. За жал во многу компанији ова е делокругот на работа  а се води како ЧР.

Ако се земе во предвид дека денешите потреби за сериозен сектор за Човечки Ресурси кој транзитира со преименување во сектор за Човечки Капитал јасно нагласува дека нешто фундаментално треба да се менува,  зашто конечно мора да се прифати фактот дека  ЧР не е само сектор кој троши пари од буџетот, туку ЧР создава профит како и останати деловни единици во една компанија. Клучни функции на Човечки Ресурси во глобала ги детерминираме:

Планирање на човечки ресурси

Регрутирање и селекција

Управување со перформанси

Учење и развој

Планирање на кариера

Оценка на функции

Награди

Учество и комуникација на вработените

Здравје и безбедност

Лична благосостојба

Административни одговорности

Дали на овој обем на работа со секојдневни работни задачи кои произлегуваат од овој делокруг,  ЧР Менаџер/Директор е независен во својата работа во врска со одлучување? Дали е ЧР Менаџер/Директор навистина одлучува/ Decision maker?

Дали и колку се определува ЧР буџет и од истиот се издвојуваат средства, без да се бара дозвола за „трошок“ за едукации, тренинзи, семинари од аспект на развој на вработените конкретно еве на пример едукација за емотивна интелигенција, тренинг за  асертивна комункација?

И овде се вкрстуваат копјата со извршниот менаџмент а тука е и финансискиот менаџмент. Колку е дадена независнот во определување, трошење на буџет без да се бара дозвола за секоја поединечна активност за ЧР од Ген. Менаџер, финансии?  Колку навистина во пракса ЧР има овластување да одлучи како и на кој начин ќе ги троши средствата ( ако има определен буџет за ЧР)  без да бара дозвола?  Колку навистина му е дадена доверба која треба на крајот да ја презентира со резултати при својот отчет како и на кој начин се потрошени средства од буџетот.

Во пракса за жал многу малку. Обично за секоја едукација, тренинг, присуствување на Конференција, семинар се бара дозвола дали ќе се одвојат средства од буџетот во кој обично не постои издвоенб буџет- средства за ЧР или ако постои, истиот по некое непишано правило секогаш  се пренаменува таму каде што во моментот нешто „шкрипи“.

Чест на исклучоци. Таквите се препознаени по својот Employment Branding. И забрзано работат да во својот сектор ЧР воведат свој ЧР маркетинг. А се тоа од нивен самостоен буџет, кој на крај секогаш го претвораат во серизна ставка на учество во профит на компанијата.

За авторот:

Лилјана Кочоска -HR & Legal Advisor во HR World Organizationпоранешен Директор на сектор Човечки Ресурси и Правен сектор во компанијата Карисма- Црна Гора која е дел од светската Групација Karisma Hotels & Resorts  

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...