Дали ви се случило вашиот шеф да ги преземе вашите заслуги?

од 24HR

На сите ни се случило некој друг да ни ја земе заслугата за работа која ние сме ја завршиле.Она што вознемирува е дека и покрај трудот кој сте го вложиле вашиот колега или вашиот шеф ја зема заслугата како негова и ја презентира пред повисоките лица.

Доколку се случи вашата заслуга да ја преземе вашиот колега,она што треба да го напарвиите е отворено да разговарате со вашиот менаџер.Вистинскиот менаџер ќе знае точно како да се справи во ваква ситуација и ќе ги има во предвид вашите заслуги.

Но како да реагирате во ситуација кога шефот ќе ја превземе вашата заслуга?

Шефот нема да можете да го смените!Доколку тоа се случило вашиот шеф или менаџер е човек кој мудро и политички игра со неговите вработени и со оние кои се на повисока позиција.

Секако она што прво треба да направите е да бидете сигурни дека тоа навистина го направил вашиот менаџер.Откако ќе се уверите мора да разговарате отворено и да му кажете што мислите.

Тоа не мора да биде со висок тон и да прерасне во конфликт.Обидете се да објасните дека сакате вашето име да стои позади проектот и дека после вашиот вложениот труд сакате да се цени она кое вие сте го сработиле и за тоа да бидете наградени.Благодарноста и добриот збор за добро завршената работа е она што може да не мотивира и да ни ја подигне самодовербата и продуктивноста.

Доколку не наидете на разбирање од вашиот шеф и постојано практикитува да ги земе вашите заслуги може да ги превземете работите во ваши раце така што ќе ја раскажете вашата приказна на вашите колеги дека и покрај вашиот труд,вашето вложување во проектот или вашето прекувремено работење тоа не е ценето и не е наградено.Секако место каде што треба да наидете на разбирање е секторот за човечки ресурси.Разговарајте со смирен тон,без нервоза и обвинување,раскажете како се случило,така ќе бидат информираи и доколку во иднина тоа продолжи тие ке знаат како да постапат.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...