вторник, јануари 13, 2026
Почетна НовостиДен на кариера во Agile Pro Solutions

Ден на кариера во Agile Pro Solutions

by 24HR

Присутните на APS денот на кариерата ќе добијат увид во американската бизнис култура, разновидноста на кариерните патеки и трендови на пазарот, како и запознавање со APS менаџментот од Македонија и Америка.

Agile Pro Solutions (APS MC) втора година по ред организира ден на кариера за дипломирани студенти и професионалци во продажба, администрација, логистика, online поддршка, регрутирање итн. Настанот ќе се одржи на 16-ти март во Скопје. Присутните на APS денот на кариерата ќе добијат увид во американската бизнис култура, разновидноста на кариерните патеки и трендови на пазарот, како и запознавање со APS менаџментот од Македонија и Америка.

„Нашиот прв ваков настан се одржа во 2020 година, истиот беше отскочна даска за  многу од нашите вработени кои денеска имаат успешна кариера во АПС . Сега ја продолжуваме стратегијата која полека ни прераснува и во традиција. Отворањето на вратите на нашата компанија, како и обезбедувањето на продлабочено искуство е составен дел од нашиот процес за привлекување и за задржување на таленти. На овој настан гледаме како на идеална платформа која, покрај нашите секојдневни активности, значително допринесува во пронаоѓањето и во придобивањето на талентирани кандидати. Квалитетот на човечките  ресурси во Македонија е на високо ниво, имаме образован и професионален кадар, тоа е и една од причините заради која имаме се повеќе партнери од САД кои сакаат да соработуваат со нас.  Во АПС нашиот најголем ресурс се нашите вработени и нашата организациска култура, секојдневно се стремиме да создадеме средина каде што луѓето ќе се чувствуваат ценети и наградени.  Верувам дека сите што бараат работа ке го препознаат тоа и ке гледаат на нас како место за развој на нивната кариера“ – вели г-а Катерина Митровска, менаџер за човечки ресурси во APS MC.

Сите детали за настанот и начинот на аплицирање можете да ги најдете на следниот линк APS-CAREER-DAY. Ве очекуваме!

Related Posts

Leave a Comment