Директор на Човечки Ресурси

од 24HR

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.

За потребите на наш клиент, реномиран синџир на маркети, бараме:

Директор на Човечки Ресурси

Цели на работната позиција

  • Раководи со Секторот за човечки ресурси и обезбедува систем за ракoводење на персоналот кој ги исполнува барањата.
  • Обезбедува оптимален тек на работните процеси и потполна согласност со сите проблематики од човечките ресурси.

Главни одговорности:

  • Врши стратешко планирање за развој на Секторот за човечки ресурси.
  • Го планира и распоредува буџетот во неговата/нејзината област во соработка со претпоставениот и се грижи истиот да биде почитуван.
  • Го развива и имплементира планирањето на персоналот во неговата/нејзината област во соработка со претпоставениот и се грижи да се вработува соодветно квалификуван персонал на ниво на компанија.
  • Технички и дисциплински ги води соработниците на кои им е директно претпоставен/а, донесува одлуки во врска со персоналот во соработка со претпоставениот.
  • Развива специфични цели на секторот, ги распоредува и поставува приоритети, ги следи и ги евалуира целите.
  • Развива програми и процеси во одделот за човечки ресурси преку соодветна експертиза (пр. познавање на методи, процеси, итн.).
  • Дефинира правилници за имплементација на програми во човечки ресурси.
  • Надзор при планирањето на персоналот и регрутација (организирање на интервјуа итн.).
  • Поддршка на сите оддели во компанијата во однос на развој на персоналот.
  • Клучно лице за контакт при помагањето на менаџерите со сите тематики околу човечките ресурси и легислативата на вработените.
  • Одржување на редовна комуникација со надворешни контакт лица од одделот за човечки ресурси и соработка со истите.
  • Обезбедување на месечни извештаи во врска со податоци за вработени.
  • Поставување и надзор на Организацискиот менаџмент.
  • Постојаност во познавањето на македонскиот закон за работни односи.
  • Следење на стандарди за договори за вработување и останати правни документи.
  • Одредување на плати врз основа на Закон за работни односи, стратегија на компанија и податоците од пазарот.
  • Преговарање со вработени/менаџери во врска со плати.
  • Контрола и следење на организацискиот тек во однос на одмори, работни распореди и смени за работа
  • Имплементација на можни промени во плата, доделување на точен опсег на плата.
  • Посредување во случај на конфликти помеѓу вработените или помеѓу менаџерот и вработените.
  • Организирање и администрација на развојот на персоналот.
  • Организирање  на надворешни  обуки за персоналот.
  • Поставување на буџет за оддел за човечки ресурси придржување кон одобрениот буџет.
  • Развој на вработени и талент менаџмент систем.
  • Процедури за работа.
  • Системи за награди и казни.
  • Креирање, воведување и ревидирање на процедури за засновање и престанок на работен однос.
  • Мерење на перформанс на вработените.
  • Мерење на ниво на задоволство.
  • Евалуација на вработените.
  • Следење на семинари и конференции од областа и предлагање на нови актуелни методи од областа

Квалификации, вештини и искуство:

  • Докажано работно искуство како менаџер за човечки ресурси
  • Познавање на HR системи
  • Способност да се постави стратегија заедно со лидерски вештини
  • Одлични вештини за активно слушање, преговарање и презентација
  • Компетентност за градење и ефективно управување со меѓучовечките односи на сите нивоа на компанијата
  • Способност за комуникација со вработени на различни нивоа и справување со комплексни ситуации
  • Продлабочено познавање на најдобрите практики за човечки ресурси
  • Способност за работа под притисок и во кратки рокови
  • Професионален и позитивен однос
  • Способност и желба за понатамошно стручно усовршување на своите познавања и искуства

Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат ! Доколку имате прашања поврзани со апликациите, контактирајте ја Јулијана Миновска на +389 71 370 151 (Понеделник-Петок) или пратете мејл на rabota@theheadhunter.com


Пробајте го Хедхантер за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!
Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...