Донирај училишен прибор за деца од социјално загрозени семејства

од 24HR

Како и секоја година, и оваа се обидуваме да насмееме што е можно повеќе детски лица и да им овозможиме убав и достоинствен почеток на новата учебна година 2022/3.

❤ Ајде повторно да допринесеме заедно! ❤За 100ина прекрасни дечиња од 41но семејство кои имаат потреба од основни услови за учење и школски прибор.-> 53 од нив се на возраст од 6 до 11 години, 6 од нив се првачиња, а останатите почнуваат второ, трето, четврто и петто одделение за нив ни е потребно да обезбедиме:
ранче, дрвени боички, фломастери 12 бои, темперни, водени боички, гума, молив, линијар со шаблони, острилка, пластелин, табела од 100 броја по математика на картон, тетратка без линии А5 формат, блок бр. 2 за прво и второ одд, блок бр. 3 за трето, блок бр. 4 за четврто и блок бр. 5 за петто, тетратка А5 формат 2-5 одд по линии и квадратчиња-> oстанатите 47 деца се на возраст од 11 до 15 години ( од петто дo девето одд) за нив ни е потребно да обезбедиме: ранче, тетратки А4/А5 формат, пенкала, острилки, гуми, моливи, тенкоминци, линиари (сет), фломастери, шестари, блок бр. 5, темперни бои, водени бои, четки, палета за бои, тетратка петолиние.

Од огромно значење ќе ни биде доколку ја поддржите овогодинешната акција за собирање на училишен прибор и ранчиња која може да ја погледнете на следниот линк: https://fb.me/e/2rqkIVWLP Листата на овие деца е добиена од организацијата соработник “Вистински дела на Љубезност” која потврдува за социјална загрозеност за секое од овие семејства.

Секоја донација е добредојдена, а истата може да ја оставите во Скопје во кафичот – Среќа (во Аеродром, кај Американ Колеџ и МИТ факултетите) во работно време на кафичот во период кој ви одговара на вам. Заедно за еден поинаков, подобар, прв училишен ден.

Со почит, Моника од тимот на Ways2Help

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...