Employee Net Promoter Score (eNPS): Важна метрика за следење за унапредување на Employee Experience (ЕХ) во организациите

од 24HR

Колумна на Билјана Митева,менаџер за човечки ресурси во Семос ДОО Скопје,магистер по економски науки,NLP Practitioner

“Клиентите никогаш нема да ја засакаат компанијата, се додека најпрво не ја засакаат нејзините вработени” – Симон Синек.

Во денешната брзорастечка и динамична економија, подобрувањето на искуството на вработените (EX) стана критично прашање за организациите. Подобрувањето на EX е од суштинско значење за зголемување на ангажираноста, задоволството и лојалноста на вработените. Една ефикасна алатка за мерење на ЕХ е Employee Net Promoter Score (eNPS).

Слично на Net Promoter Score (NPS) алатка ориентирана кон клиентите, која им помага на организациите да го оценат задоволството на клиентите и да ги идентификуваат незадоволните клиенти, eNPS им овозможува на организациите да го измерат расположението на вработените и да соберат корисни повратни информации за подобрување на работната средина. eNPS треба да го даде одговорот на прашањето на скала од 0 до 10 колкава е веројатноста да ја препорачате организацијата на ваши познаници и пријатели како нивен следен работодавач. Во овој контекст, вработените се третираат како клиенти, а организацијата станува производот кој се обидува да “се продаде” на врвните таленти во индустријата.

eNPS е едноставна и лесна метрика за следење на лојалноста на вработените кон организацијата. Таа обезбедува информации за нивната подготвеност да ја препорачаат организацијата како работодавач и нивното општо ниво на ангажираност и ентузијазам за нивната работа. Оригинално изведена од NPS, насочена кон клиентите, eNPS еволуираше и се прошири за да се аплицира и во областа на ангажманот и посветеноста на вработените. Со воведување на eNPS, организациите можат да ја подобрат својата организациска култура и да ја подигнат лојалноста на вработените.

Резултатите од одговорите на eNPS анкетата ги класифицира вработените во три категории:

  1. Поддржувачи: Ангажирани вработени кои ја оценуваат организацијата со оценка од 9 или 10.
  2. Неутрални: Вработени со eNPS оценка од 7 или 8.
  3. Детрактори: Вработени кои го оценуваат организацијата со оценка од 0 до 6.

Формулата за пресметување на eNPS е: eNPS = % поддржувачи – % детрактори.

Резултатот може да биде позитивен или негативен. Позитивната eNPS оценка покажува дека имате повеќе поддржувачи од детрактори во вашата организација, што укажува на позитивно искуство на вработените. Обратно, негативната eNPS оценка покажува дека детракторите ги надминуваат поддржувачите, што бара подготовка на добро дизајнирана стратегија за повратни информации за подобрување на оценката и справување со потенцијални проблеми.

eNPS оценката обезбедува вредни податоци за општото EX во вашата организација. EX опфаќа како вашиот тим ги перцепира сите интеракции со својот работодавач, вклучувајќи ги следните фактори: работниот простор, организациската култура и технологиите кои се користат во организацијата. Позитивното EX води до поголема ангажираност на вработените, зголемена продуктивност, зголемување на лојалноста, зголемување на просекот на останување во организацијата и намалени стапки на отсуство. Среќните вработени се посветени на својата работа и ретко бараат причини за отсуство.

Редовното следење на eNPS е од суштинска важност за организацијата да се осигури дека напорите кои се преземаат за оптимизација на EX се на добар пат. Почестото (квартално) применување на eNPS анкетите како алатка за повратни информации може да помогне во детерминирањето на ефикасноста на преземените мерки и чекори кон подобрување на резултатите. Меѓутоа, важно е да се напомене дека eNPS е само дел од комплетниот круг на обезбедување на повратни информации (фидбек). Организациите треба да спроведуваат и анкети за задоволството на вработените, мерење на перформансите и редовни еден-на-еден сесии за да ја поттикнат отворената комуникација и со тоа да влијаат на непрекинатиот развој.

Финално, eNPS е вредна метрика за организациите кои сакаат да ја подобрат работната способност на своите вработени, ангажманот и општата работна култура. Со користење на eNPS и другите механизми за повратни информации, организациите можат да изградат цврста основа на задоволство, лојалност и застапништво на вработените, што на крајот ќе доведе до поуспешна организација во која се вработени среќни вработени.

Референци:

About the Net Promoter System | Bain & Organization

NPS: Employee Environment Focused on Loyalty | Bain & Organization (netpromotersystem.com)

20 Employee Net Promoter Score (eNPS) Questions – Officevibe

What is eNPS? (starred.com)

За авторот:

Билјана Митева-менаџер за човечки ресурси во Семос ДОО Скопје,магистер по економски науки,NLP Practitioner

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...