Грешките се дел од успехот

од 24HR

Пишува Елена Огненовска – специјалист за човечки ресурси

“When a reporter asked Edison, “How did it feel to fail 1,000 times?” Edison replied, “I didn’t fail 1,000 times. The light bulb was an invention with 1,000 steps.”

Ретко кој сака да направи грешка, но факт е дека сите сме направиле поголема или помала грешка или грешки кои што можеме да ги наречеме непроценливи животни лекции.

Ако ништо не правите, ако ништо не превземате, ако ништо не кажувате, најверојатно и ништо не би згрешиле, единствениот начин да не направите грешка е ако не се трудите и не се обидувате.

Луѓето кои гледаат на грешките како лекција во животот и од истите се трудат да го извлечат она што најмногу ќе им помогне да стигнат до одредено решение и/или да станат подобри во одредена област, се тие кои со секоја грешка растат, стануваат поиздржливи и посилни.

Оние кои што ги сфатиле грешките како шанса за да научат нешто ново и да се подобрат себеси, не ги критикуваат своите избори и не се осудуваат самите себе. Тие излегуваат од секоја ситуација свесни за она што беше лошо и продолжуваат со својата борба и својата работа, сé до постигнувањето на посакуваниот резултат. Да, можеби да се постигне ова не е лесно и не секој може лесно да го направи, но она што секогаш треба да го имаме на ум, е дека со тоа што ќе бидеме негативни кон себе и ќе се обвинуваме, нема да решиме ниту еден проблем што го имаме. Обвинувањето е демотивирачко, бескорисно и ја намалува самодовербата.

Нашиот став кон нашите грешки е онај што ќе нè насочи дали грешките ќе ги гледаме како шанса за подобрување или како нешто што ќе нè блокира и демотивира, а со тоа и ќе нè стави во комфорна зона во која што најчесто и нема нови предизвици.

После секоја грешка бидете конструктивни, извлечете заклучоци за тоа што можело да биде подобро и како сте можеле тоа да го направите. Потсетете се, на она што сте го направиле правилно, за да се охрабрите. Прифатете дека понекогаш ќе згрешите, но и знајте дека секогаш можете да продолжите и да бидете подобри.

Сите успешни луѓе доживуваат победи и порази пред да станат успешни и направиле безброј грешки, а сигурна сум дека за одредени одлуки и зажалиле. Но, дали сметате дека тие би биле успешни и би ги постигнале своите цели, ако на сè ова гледаат негативно, се разочаруваат во себе и оставаат неуспехот да ги совлада?…

Грешките, предизвиците, проблемите и решенијата се само дел од процесот при постигнување на вашите цели и кога истите ќе ги постигнете, сите овие ќе станат само дел од целото искуството.

Преку грешките стануваме подобри! Верувајте подобро е да згрешиме затоа што се трудиме и сакаме да постигнеме одредени цели, отколку секогаш да бидеме во безбедна зона и никогаш да не го дознаеме обемот на нашите способности и до каде истите би не довеле.

Грешките и неуспехот се дел од нашите животи и истите треба да ги искористиме за да научиме како најдобро да ги постигнеме нашите успеси!

“When you have exhausted all possibilities, remember this: You haven’t!” – Tomas A. Edison.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...