МЕНАЏМЕНТ НА ЗНАЕЊЕ – СТРАТЕГИЈА НА СОВЕРЕМЕНИОТ БИЗНИС    

од 24HR

Последната деценија ја одбележаа брзи, динамични и непредвидливи промени условени од технолошките, пазарно – економските, политичките, социјалните и глобалните фактори.

Во еден ваков динамичен свет, во кој единствена константа е промената, што е она што може да ни гарантира дека ќе успееме ?     

Денес веќе не е прашање дали е потребно да се поседува соодветно знаење и способности во одредена област, туку како да се управува со нив во насока на стекнување на конкурентска предност. Современите организации своето работење го ствртија кон знаењето кое го поседуваат, негова ефективна примена (на вистински начин и во вистинско време) и управувањето со него, со цел да ја проектираат својата деловна иднина. Несомнено е дека една организација е „силна“ колку што се „силни“ луѓето кои ја сочинуваат. Оттука и таа потреба од континуирано усовршување, учење, надоградување, следење на новите трендови и достигнувања.

Сосема е сигурно дека способноста на компанијата да учи и да се менува и тоа побрзо од нејзините конкуренти на пазарот, претставува значајна предност која може да се поседува. Во таа насока, менаџмент на знаењето на вработените може да претставува стратегија за креирање на конкурентска предност на пазарот.

Во окружување кое брзо и непрeдвидливо се менува, индивидуалното учење веќе не е доволно. Потребно е да се развива колективно, организациско учење и знаење. Токму поради овие причини во интерес на менаџментот е да обезбеди можности и услови за континуирано учење и надоградување на вработените. Обуки за стручни знаења, обуки за меки вештини, работно воведување и менторски програми, програми за пренесување (споделување) на знаењето и искуство внатре во организацијата, можности за ротација на работните позиции (job shadowing), програми за личен развој, coaching за повисоките нивоа на менаџмент, подобрување на перформансите на вработените, програми со кои се мотивира само–учење на вработените, пристап до електорнски платформи за учење итн. се само дел од менаџментот со знаење. Само професионално подготвените вработени може да ја „водат“ организацијата напред.  Преку професионалното усовршување, вработените не само што се стекнуваат со нови знаења (кои ќе ѝ користат на компанијата) туку тие се мотивирани, покрај отворениот пазар на труд, да останат во компанијата. Стекнатите знаења ќе послужат како информативен инпут и во квалитетно донесување на одлуки. Понатаму, стекнатите знаења им овозможуваат на вработените самостојност во работењето и придонесуваат кон развој на компанијата. Со новостекнатите знаења произлегуваат и нови одговорности: вработените почнуваат да се однесуваат како претприемачи, самоиницијативно ги подобруваат работните процеси и на тој начин создаваат дополнителна вредност за компанијата.

Согледувајќи ја потребата и бенифитите од менаџментот на знаење, Шпаркасе банка континуирано вложува во знаењето на своите вработени. Во продолжение, би ги навела некои од практиките  на обука и развој кои Шпаркасе банка ги применува:

  • Процена на потребите за обука (training needs assessment) и креирање на план за обука и развој – процената на потребите за обука има за цел да утврди кои вештни и знаења треба да се развиваат и надоградуваат по организациски единици. Со ова се овоможува креирање на план за обуки и развој согласно потребите на организациските единици.
  • Овозможување на стучни обуки со цел следење на трендовите во различните области – посетување на обуки од стручни области им овозможува на вработените постојано да бидат во тек со најновите случувања и трендови во нивните стручни области.
  • Обуки за ИТ вештини – со оглед на брзиот напредок на технологијата, обукте за ИТ вештини се задолжителни, не само за колегите од ИТ службите, туку и за останатите вработени (на пример, вработените е потребно да се обучат за користење на нови апликации кои го олеснуваат работењето, power bi и сл.)
  • Обуки за меки вештини – покрај обуките за усовршување на стручните знаења, особено значајни се и обуките за меки вештини: комуникациски, продажни вештини и сл.
  • Coaching – индивидуален или тимски, е значаен за отклучвање на потенцијлот, како и за професионален и личен развој на вработените
  • Менаџерски обуки – обуки наменети за менаџментот на сите нива со цел развивање и зајакнување на менаџерските / лидерските вештини
  • Интерни обуки – интерните обуки претставуваат можност за интерен трансфер на знаењето во врска со одредена апликација, процес, вештини и сл.
  • Обука за нововработени и менторски програми – секој нововработен поминува низ процес на обука за запознавање на работењето на Банката како и запонавање со работните активности кои ќе му бидат доделени. За таа цел, на нововработениот му се доделува ментор кој е задолжен за воведување во работниот процес.
  • E – learning – за одредени обуки, како што се на пример задолжителни обуки според регулативата, а наменети за сите вработени се користат e-learning платформи       

Современите организации во услови на глобална конкуренција и динамично и комплексно окружување, не само што имаат потреба од колективно, континуирано учење и управување со корпоративното знаење, туку тие треба и да изнајдат соодветен начин за оптимално искористување на клучните фактори кои влијаат на успешната примена на концептот на менаџмент со знаењето. За да профункцинира овој концепт, потребно е менаџментот да ги согледа релевантните фактори како што се организациската култура, човечките ресурси, информатичките технологии и да ги организира и насочи во креирање на соодветна клима за искористување на човечкито капитал, како и да мотивира „ментална матрица“ за континуирано надоградување, следење на новите трендови и стекнување на нови знаења.   

Затоа како предизвик пред менаџментот на современите организации се наметнува менаџментот на знаењето и како резултат на тоа креирање на корпоративна стартегија која ќе базира на плански активности, усогласени со внатрешните расположливи капацитети и ресурси, и надворешното променливо окружување, со цел одржување и стекнување на конкурентска предност на пазарот.        

За авторот: 

Сања Николиќ Блажевска е раководител на Службата за регрутација, обука и развој која е во состав на Дирекцијата за човечки ресурси во Шпаркасе банка.Таа доктор на економски науки во областа на човечки ресурси, како и сертифициран тренер за меки вештини, додека нејзиниот домен на активности опфаќа employer branding, регрутација, обука и развој, евалуација на перфомансата, талент менаџмент, employee wellbeing, корпоративна култура.

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...