Hard work

од 24HR

Димитрија Ристевски-Специјалист за обуки и развој во Tigo Finance

‘Hard work’ има две еднакво значајни форми:
1. Вложување напор за добри тековни перформанси;
2. Вложување напор за континуирано подобрување.

Една од најголемите замки на менаџерите е што очекуваат од нивните вработени да бидат одлични перформери, но многу често го жртвуваат нивното континуирано подобрување и раст и развој за таа цел, со изговорите дека имаат нешто итно што мора да го завршат, немаат време, немаат доволно вработени, вработените не се заинтересирани и тн.

И тоа е сосем разбирливо, но што ќе се случи со тие добри и одлични перформери во тимот за една или две години од сега? Дали нивните перформанси ќе останат исто добри на долг рок?

Ќе чувствуваат (и со право) дека стагнираат, ќе бидат помалку мотивирани и продуктивни од претходно, а со тоа и перформансите ќе одат во надолна линија. Многу веројатно дека ќе влезат во фаза на ‘тивко заминување’, или пак, веќе ќе заминат. Од проста причина што ќе ја надраснат работната позиција и работните задачи ќе им бидат здодевни и повторливи.

Па, која е формулата за баланс помеѓу време посветено на добри перформанси и време посветено на раст и развој? Формулата е 5/40.

Според одредени истражувања, 5 часа неделно од вкупно 40 работни часа треба да бидат посветени на напреднување на вештините и знаењата. Тоа не значи дека тие 5 часа треба постојано да слушаат обуки вработените (иако нема ништо лошо во тоа), туку дека треба во тие 5 часа да работат на попредизвикувачки задачи или проекти, да се посветат на покреативни работи, да поминат време со некој поискусен вработен за up-skill или време со тимот во кое ќе мислат како да се оптимизираат сегашните процеси и сл.

Има мал милион начини, но фокусот е на освестување, што на долг рок носи резултати за компанијата, а во исто време дава сатисфакција на самите вработени. А, тоа е уметност.

За автор:

Димитрија Ристевски од Скопје, 37 години. Страствен вљубеник во планините и работата со луѓе. 12 години работно искуство: градење тимови, организација на обуки (лидерство, мотивација, меки вештини, HR процеси, личен раст и развој и сл.) и тим билдинг активности, коучинг, Човечки ресурси. Искуство во HR – последни 3 години: Ресорт Маврово и Ле Гранд Казина; во моментот вработен во Тиго Фајнанс како Специјалист за обуки и развој. Хоби: планинарење, кампинг, читање книги. 

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...