Колумна на Фросе Тумановска ХР менаџер во Premium Service Inc
Колку пати сте чуле:
– „HR? Аа, вие ги организирате родендените и тимбилдинзите!“
– „HR? Да, тие што праќаат мејлови за компаниски настани…“
Ајде да расчистиме нешто – HR не е само забава и административни обврски!
1. HR е стратегија, не само логистика.
Ние не сме тука само да закажеме „pizza Friday“ – туку да изградиме култура каде луѓето сакаат да работат, да се развиваат и да останат.
2. HR е зад секој добар лидер.
Компаниите што имаат силни лидери не ги создаваат случајно – ние сме тие што ги обучуваме, менторираме и поддржуваме за да можат да водат успешни тимови.
3. HR се грижи за кариерите, не само за Excel табели.
Одборувањата, платите, ангажираноста – ако нема добра HR стратегија, компанијата губи таленти и завршува со незадоволни вработени.
4. HR е стратешки партнер на лидерите, а не само „поддршка“!
Лидерите кои го гледаат HR како административен оддел прават огромна грешка. HR е тука да ја обликува организациската култура, да идентификува потенцијали, да воведе структури што ќе ги направат тимовите поефикасни и да помогне во носење на вистински одлуки за човечкиот капитал.
Компаниите што го препознаваат HR како стратешки партнер не само што имаат поангажирани тимови, туку и побрзо растат, привлекуваат таленти и имаат помала флуктуација.
А што е со мантрата „HR is not your friend“?
Да, HR не е тука да ви биде најдобар пријател,или Bestie што би се рекло жаргонски, но тоа не значи дека е вашиот непријател. Оваа фраза премногу често се користи за да создаде недоверба кон HR професионалците, како да сме некоја „скриена рака на менаџментот“.
Вистината е:
* HR не е на страната на менаџментот, ниту само на страната на вработените – туку на страната на компанијата како целина.
* Добриот HR создава средина каде што и вработените и лидерите можат да успеваат.
*HR не е само за onboarding и offboarding – туку за култура, развој, благосостојба и вистинска поддршка.
Наместо да ја храниме стигмата дека HR е „непријател“, време е да ја изградиме вистинската улога.
Доколку во вашата компанија HR-от се гледа само како административна функција или продолжена рака на менаџментот, тогаш проблемот не е во HR-от како концепт, туку во начинот на кој се практикува.
Наместо да се „фура“ стигмата дека HR е против вас, време е да се постават вистинските очекувања – HR треба да се разбере дека е партнер, советник и катализатор за позитивни промени.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.