Инспирираме напредок во ера на дигитална трансформација

од 24HR

Пишува Сања Гогова Кочишки, Корпоративен Административен Директор на Малиќи Груп.

На крајот на изминатата година во Националната македонска филхармонија се одржа промоцијата на Холдингот Малиќи Груп“ на која и официјално десет постоечки компании на семејството Малиќи од македонскиот и косовскиот пазар се вмрежија со еден ист план за развој, преку единствено работење, дигитализација и визионерство на сопствениците и менаџмент тимот. 

Групацијата се состои од компании во регионот од кои дел стопанисуваат и повеќе од 30 години: Gemak, Gekos, GSD, GTS Gemak Dooel, Enternet, Vala distributer, Rajana Inzenjering, Parklend, Immoreks, Gemak Konsalting.

Досега овие компании од различни сектори на бизнисот, дистрибуција, недвижности и угостителството, функционирале успешно како поединечни правни единки. Но, отсега како дел од оваа групација тие меѓусебно ќе се координираат со цел да отворат нови можности за прогресивен раст на компаниите. На овој начин креираме иновативни бизнис планови кои досега не можеле сами поединечно да ги реализираат, но како Групација ќе освојуваат нови пазарни можности и работни проекти. Како нова холдинг компанија со широко портфолио на дејности, нашата визија e да ја за­држиме позицијата на лидери во различни сегменти на работење притоа овозможувајќи врвен квалитет и услуга за нашите клиенти, преку пратење на светски трендови, примена на нови бизнис модели и иновации, конти­нуирано зголемувајќи ја вреднос­та која ја испорачуваме на нашите чинители.

Многу важен сегмент од ова вмрежување е дигитализаицијата со која го унапредуваме оперативното работење на сите ниво и веруваме истото ќе ја подобри функционалноста на секоја од компаниите поединечно, но и на ниво на Групација. Имплементираме иновативни софтверски решенија и алатки кои се користат во етаблирани светски интернационални компании, но се новитет кај компаниите во регионот, за управување со човечкиот капитал во Групацијата при што создаваме култура на поставување високи перформанси на секое оперативно ниво преку развивање на мотивирани, компетентни и задоволни вработени.

Целиот процес започна уште на почетокот на минатата година кога ја ангажиравме консултантската куќа, „Прајс Вотер Купер“, која ни помогна да правно и организациски ги реструктуираме компаниите. Ангажиравме експерти од областа на човековите ресурси и секако нови менаџмент сили, кои заедно со постоечките, помогнаа во овој процес. Сега сме во фаза на оптимизирање на сите аспекти на работењето и секојдневно воведуваме нови корпоративни процеси и стандарди кои ќе овозможуват раст и развој на Групацијата. Цврсто веруваме дека сите наши компании и тимот на вработени можат заедно да испорачаат повеќе, поефикасно и поуспешно, црпејќи знаење и вештини еден од друг, надградувајќи се меѓусебно и давајќи можност на сите подеднакво да учествуваат во давање на идеи и создавање на нови деловни можности.

Најважни за нас во овој процес во сите компании под Малиќи Груп се вработените и вредностите кои ги негуваме и интерно и кон нашите чинители. Тимската работа е многу битна, големите проекти и идеи во бизнисот неможат да се реализираат без квалитетна тимска работа. Затоа, за да биде успешен овој проект на реорганизација на нашата Групација најбитна е мотивација на вработените за работа, соработка и посветеност. Вредностите треба да се негуваат и постојано да се зајакнуваат бидејќи тоа се постулатите на нашиот успех. Преку нив ние инспирираме напредок, лидерство и претприемништво.

За авторот:

Сања Гогова Кочишки со своето две децениско искуство во меѓународни и мултинационални компании е докажан успешен лидер со изразен јасен визионерски и стратешки пристап и фокусирање во испораката на корпоративните перформанси и долгорочен развој и одржливост на бизнисите каде и да работи. Нејзината експертиза и искуство во сегментите на финансиски менаџмент, корпоративни финансии, менаџерско сметководство, развој и контрола на планирање на бизнисите ја донесоа до најнов кариерен предизвик – Корпоративен Админстративен Директор на Малиќи Груп.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...