Во време кога грижата за вработените и нивното здравје станува суштински дел од корпоративната култура, хидратацијата добива особено значење. Нина Цекиќ Костоска, управителка на Cool Bottles Македонија и регионална менаџерка за продажба, предводи компанија која ги увезува висококвалитетните шишиња од не’рѓосувачки челик со единствена Triple Cool™ технологија на нашиот пазар.
Шишињата на Cool Bottles не само што го одржуваат пијалокот студен до 36 часа или топол до 18 часа, туку претставуваат и еколошко решение кое активно придонесува кон намалување на употребата на пластика.
Нина, со своето долгогодишно искуство во продажба, лидерство и развој на пазари, ја пренесува глобалната визија на брендот и ја адаптира на локалните бизнис потреби. Преку овој инспиративен разговор откриваме како малите, внимателно избрани решенија можат да донесат големи придобивки за здравјето и културата на компанијата.
Како започна Вашата приказна со Cool Bottles и што Ве привлече кон визијата на брендот?
Нашата приказна со Cool Bottles започна од лична и семејна потреба за квалитетни шишиња. Со сопругот долго време баравме производи кои ќе бидат доволно издржливи за нашите деца – шишиња кои нема да се умирисуваат и кои нема да протекуваат во чантите за градинка.
Клучниот момент што не мотивираше да се поврземе со брендот и да го прошириме неговото присуство на Балканот беше визијата и мисијата која ја носи. Како млади родители, сметаме дека имаме одговорност за нашето здравје и здравјето на нашите деца. Веруваме дека ние сме тие што треба да бидеме пример за нашите деца, да ги научиме на здрави навики и, истовремено, да придонесеме за заштита на животната средина.

Кои се главните предизвици кога треба да се позиционира еден premium еко-производ на македонскиот и регионалниот пазар?
Првиот и најголем предизвик беше и сеуште е, ниската еко-свест на потрошувачите. Иако не можеме да кажеме дека не постои еко-свест, сметам дека како општество уште не сме достигнале ниво на разбирање и посветеност кон ова прашање. Често се случува потрошувачите да избираат поевтини алтернативи кои се со пониски цени, имаат послаби карактеристики и содржат штетни супстанци кои можат да бидат опасни за здравјето на луѓето.
Друг предизвик беше присуството на други брендови на пазарот, кои продаваат производи слични на нашите и кои се на пазарот долго време. Тоа создава висок конкурентски притисок, но истовремено нè мотивира да бидеме поиновативни и да го одржуваме нашиот уникатен пристап.
Третиот предизвик се однесува на онлајн продавањето. Во средина каде што е-трговијата се развива, сепак, недовербата на купувачите кон онлајн продавниците останува на високо ниво. Проблемот на доверба во онлајн купувањето често ја отежнува продажбата на premium производи, но истовремено ни дава мотив да ги подобруваме нашите услуги и да изградиме подлабока врска со нашите купувачи.
Се разбира, секој бизнис со себе носи предизвици и тешки фази, особено при позиционирање на нов производ на пазарот. Успешен бизнис не е измислување на топла вода 😊, туку нагласување на она што ги издвојува производите од останатите. Нашите главни приоритети беа и се: Triple Cool технологијата, херметичките капачиња, и уникатните и модерни дизајни на нашите производи.
Зошто е клучно компаниите да промовираат навики за редовна хидратација меѓу своите вработени?
Како личност која 12 години беше дел од корпоративниот свет, секогаш кажувам дека компанијата каде работиме е најважниот сегмент од нашето секојдневие бидејќи токму тоа место, луѓе, менаџери, колеги, се тие со кои го поминуваме поголемиот дел од денот додека сме будни 😊
Тргнувајќи од оваа теза, сметам дека компаниите имаат огромна одговорност за грижа на своите вработени од секој аспект на работата. Грижата која ја добиваат, енергијата, позитивната атмосфера се всушност моторот за продуктивност на секој вработен, добра благосостојба и здрави животни навики.
Таквите активности, проекти, инвестирања во вработените се и стимул за нивна лојалност во иднина – “ таму сум, каде што се грижат за мене!”

Во секојдневниот живот, сè повеќе се зборува за негативните последици од употребата на пластични производи – од штетните хемикалии што можат да навлезат во пијалоците, до долгорочните ризици за здравјето и околината. Како алтернатива, висококвалитетниот не’рѓосувачки челик, како што е 18/8 челикот за храна, се издвојува како многу побезбедна и поздрава опција. Кои се здравствените придобивки од користење шишиња изработени од 18/8 не’рѓосувачки челик, наместо од пластика?
Секојдневната употреба на пластичните производи доведе до сериозни последици за животната средина, што се рефлектира преку статистиките за загадувањето на Планетата Земја. Во бројки тоа би звучело вака:
- Во светот се произведуваат повеќе од 380 милиони тони пластика годишно, од кои повеќе од 50% се користат за еднократни производи, како што се шишиња, кесички и чаши.
- Се претпоставува дека 8 милиони тони пластика завршуваат во океаните секоја година. Според проценките на Обединетите нации, до 2050 година ќе има повеќе пластика отколку риби во океаните (по тежина).
- Од сите пластични производи кои се произведуваат, само 9% се рециклираат, додека останатите завршуваат во депониите или како загадување во природата.
Додека пластичните шишиња се распаѓаат и до 450 години, акумулирајќи се во природата, почвата и водата, се поставува логичното прашање: зошто продолжуваме да ги користиме? Ако ние како луѓе не направиме промени, последиците ќе бидат уште позагрижувачки.
Идејата зад Cool Bottles е да се намали употребата на пластика преку понуда на висококвалитетни, долготрајни и модерни производи, изработени од материјали како 18/8 не’рѓосувачки челик, кој е не само естетски привлечен, туку и технички одличен за секојдневна употреба. Овој тип на производи се идеални за сите годишни времиња, бидејќи без разлика дали сме редовни консументи на течности или не, секој од нас во просек пие по 1-3 литри пијалаци на ден — било вода, кафе, чај или сокови.
Покрај тоа што користењето на шишиња од не’рѓосувачки челик има долготрајни здравствени придобивки за личната хигиена и хидратација, ние истовремено придонесуваме за поголеми еколошки придобивки — почиста почва, почиста вода и почист воздух. Зарем може да постојат поголеми здравствени придобивки од тие што доаѓаат од чиста и здрава околина?

Покрај фактот што се изработени од безбеден и висококвалитетен материјал, Cool Bottles се истакнуваат и со својата напредна термичка технологија, овозможувајќи одржување на температурата на пијалокот до 36 часа ладно и 18 часа топло. Овој аспект не е само удобност, туку директно влијае врз секојдневната енергија, фокус и продуктивност на вработените. Како термичките својства на Cool Bottles ги подобруваат секојдневните работни навики и благосостојбата на вработените?
Покрај тоа што се изработени од безбеден и висококвалитетен материјал, Cool Bottles се истакнуваат со својата напредна Tripple Cool технологија, која овозможува одржување на температурата на пијалокот до 36 часа ладно и 18 часа топло. Оваа технологија не е само техничка иновација, туку вистински придонесува кон подобрување на фокусот, здравјето, работната динамика и целокупната благосостојба на вработените.
Со овие производи, вработените имаат постојан пристап до пијалок со идеална температура, што значително ја намалува потребата од прекини за задоволување на основните потреби како што се пиење вода или топол напиток. Континуираната хидратација, овозможена од присуството на квалитетно шише или чаша секогаш при рака, игра клучна улога во зголемување на концентрацијата, намалување на заморот и главоболката, и обезбедување на поголема енергија и виталност во текот на работниот ден.
Покрај индивидуалните бенефити за вработените, користењето на персонализирани Cool Bottles носи и значајни придобивки за компаниите. Првенствено, се намалуваат трошоците за набавка на еднократни пластични чаши и шишиња, што претставува практичен чекор кон одржливост и заштита на животната средина. Истовремено, преку воведување на вакви еко-решенија, компаниите испраќаат јасна порака за нивната посветеност кон здравјето на своите вработени и заштитата на планетата, зајакнувајќи го тимскиот дух, колективната свест и корпоративниот идентитет.
Во корпоративниот свет, малите внимателни гестови често носат голема тежина. Подароците што ги избира една компанија не се само практични предмети – тие се и симбол на вредностите што ги промовира организацијата. Особено кога се работи за здравјето, благосостојбата и грижата за средината. Според Вас, каква порака испраќа еден HR тим кога на своите вработени им подари брендирани Cool Bottles?На кој начин брендираните шишиња го зајакнуваат тимскиот дух и корпоративниот идентитет?
Прекрасен е почетокот на ова прашање – симбол на вредностите што ги промовира организацијата! Токму тоа е нешто што го забораваат многу компании – вредностите напишани на веб страните и низ документите , да се имплементираат во пракса. Грижата што компанијата ја покажува кон своите вработени — надвор од нивните работни задачи — остава длабок впечаток и ја гради довербата.
Вклучувањето во еко-иницијативи и активности со глобално значење дополнително демонстрира посветеност кон здравјето, благосостојбата и одржливоста.
Кога HR тимот подарува брендирани Cool Bottles, испраќа јасна порака за грижа и еколошка свест. Овој внимателен гест го зајакнува тимскиот дух преку создавање чувство на припадност и гордост и го зацврстува корпоративниот идентитет преку секојдневна, видлива употреба на брендот што ги обединува сите вработени.


Што велат компаниите што веќе инвестирале во брендирани Cool Bottles за нивните тимови?
Со голема благодарност можам да истакнам дека досегашните соработки со компании од Македонија се наш најголем мотив да ја продолжиме и прошириме нашата мисија, и во земјата и во регионот.
Нашите партнери докажаа дека постојат компании кои навистина се грижат за здравјето и благосостојбата на своите вработени.
Во прилог споделуваме дел од нивните коментари и впечатоци:
“Со задоволство ја изразуваме нашата препорака за соработка со фирмата Coolbottles, која се специјализира во производство и дистрибуција на иновативни, висококвалитетни шишиња и термоси. Coolbottles се истакнува со својата посветеност на квалитет, современ дизајн и употреба на еколошки материјали.Продуктите што ги нудат се одличен избор за секојдневна употреба и истовремено ја поддржуваат свеста за еколошка одговорност.Со фирмата Coolbottles имавме одлична комуникација, а нивната логистика е навремена, што ја прави соработката беспрекорна.” – Елизабета Јакимовска, Лукоил Македонија
“We wanted to express how delighted we are with our collaboration! The bottles you provided as our corporate New Year gifts were a huge success, and we couldn’t be happier with their quality and design” – Next Sense Team
Кои се опциите за персонализација?
На нашата веб-страница www.coolbottles.mk, во секцијата CUSTOM, компаниите можат да поднесат барање за персонализација, во кое се наведуваат типот на производ, количината, големината и бојата.
По поднесувањето на барањето, директно стапуваме во контакт со клиентот и изработуваме mock-up верзија за визуелизација на финалниот изглед на производот.
На истата страна се објавени и условите за минимална нарачка, техниката на печатење, како и деталите за процесот и времето на испорака.
Оваа година нарачките за корпоративни подароци ќе се примаат заклучно со 15 Септември 2025 година.
Кои се плановите за иднината на Cool Bottles во Македонија и регионот? Можеме ли да очекуваме нови производи или иницијативи?
Со голема радост би сакала да споделам дека од минатиот месец официјално ја проширивме нашата еко-мисија и во Република Бугарија. Нашата визија е, чекор по чекор, да го прошириме присуството на Cool Bottles низ целиот Балкан, овозможувајќи на сите соседни земји да станат дел од нашата мисија за создавање на одржлива иднина.
Како што вели една стара африканска поговорка:
„Ако сакаш да одиш брзо, оди сам. Ако сакаш да одиш далеку, оди заедно со другите.“
Водени од оваа филозофија, веруваме дека преку заедничка поддршка и партнерства со луѓето и организациите од целиот регион, ќе успееме да изградиме поубаво, поздраво и почисто место за живеење — за нас и за идните генерации.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.