Многу бизниси се борат да најдат ресурси и да инвестираат во обука и развој за добар лидер, а други едноставно не се подготвени да обучуваат луѓе за кои се плашат дека може да ги напуштат по шест месеци.
Развојот на лидерите треба да биде приоритетен за секоја организација.Треба да вложите во вештините на еден лидер за да ги избегнете препреките во нивното знаење во иднина.
Еве неколку совети како може да изградите добар лидер:
- Препознајте го нивниот потенцијал и помогнете им да го реализираат.Дозволете им обука каде ќе го зајакнат нивното знаење,но и ќе се сретнат со многу лидери каде ќе имаат можност на размена на знаења и искуства,со тоа ќе се зајакне самодовербата и моривацијата за успеѓшен лидер ќе се зајакне.
- Охрабрете ги вашите идни лидери да се запознаат и да стекнат со пошироко познавање и разбирање од вашата индустрија не само во сегашниот оддел.Така ќе можат полесно да ги носат одлуките кои ќе доаѓаат во иднина.
- Реални деловни ситуации ,дајте им тешки проекти каде идниот лидер ќе може да ги открие своите способности и капацитет,но и ќе научат нови вештини и зајакнување на неговата доверба во она во што е способен да го постигне.
- Препознајте ги достигнувањата и наградете ги.Тоа може да го реализирате не само со финансиски стимуалции,туку со ново работно место,со нови предизвици со поголем удел во вашата компанија.Дознајте што ги мотивира вашите идни лидери и постапете.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.