Како до подобра рамнотежа помеѓу животот и работата како регрутер

од 24HR

Некои луѓе би можеле да кренат веѓи на помислата дека рамнотежата помеѓу работата и животот е возможна ако сте регрутер.

Некои луѓе, исто така, може да помислат дека регрутирањето не е вообичаена работа од 9 до 5 бидејќи вашиот распоред се врти околу достапноста на кандидатите. Всушност, поголемиот дел од специјалистите за регрутација сметаат дека балансот помеѓу животот и работата е мит.. Но затоа, ние сме тука да ви покажеме дека оваа рамнотежа не само што е можна, туку постојат и одредени начини преку кои може да ја достигнете.

Најпрво, потребно е да разберете дека рамнотежата помеѓу работата и животот не значи помалку работа. Тоа значи оптимизирање на процесот на вработување благодарение на иновативните алатки и технологија. Така, сè уште можете да имате енергија за да ги правите работите што ги сакате во слободно време.

Потпрете се на технологијата

Новите технолошки достигнувања и алатки за регрутација можат да ви помогнат да имате подобра рамнотежа помеѓу животот и работата. Регрутерите сега имаат повеќе можности од кога било претходно да користат интелигентен софтвер за регрутација и да го автоматизираат и поедностават процесот на вработување и селекција. Тоа значи дека вистинската алатка може да заштеди дури 90% од вашето драгоцено време со тоа што ќе ви помогне побрзо да ги прикажете, филтрирате и рангирате кандидатите со само неколку кликови.

Не прескокнувајте ја паузата за ручек

Можеби не е изненадувачки и тоа што огромното мнозинство специјалисти за регрутација сметаат дека паузите за ручек се привилегија. Во средината на работниот ден, кога голем број задачи и CV-а се трупаат на вашата работна маса, паузата за ручек со вашите колеги може да биде невозможна мисија. Всушност, некои и покрај тоа што не одат на пауза на крајот завршуваат носејќи ја работата дома.

Но затоа, не е ни чудно што луѓето кои се занимаваат со регрутација многу често согоруваат. Истражувањата всушност покажаа дека дури 90% од вработените кои ги користат паузите за ручек се многу попродуктивни на работа и имаат многу подобар баланс помеѓу животот и работата. Ова причината зошто најдобриот начин за полнење на батериите е краток опуштен ручек со вашиоте колеги. Откако ќе го одморите мозокот одвојувајќи мал дел од времето на себе, остатокот од денот ќе бидете многу попродуктивни.

Побарајте помош од вашите колеги

На секого може да му се случи да има лош работен ден,  а тоа го зема својот данок. Затоа, кога ќе ви се случи тоа, време е да побарате помош од вашиот тим. Комуникацијата со вашиот тим треба да ја одржувате не само кога ви треба помош туку и кога на некој од вашите колеги му е потребна поддршка. На овој начин, секогаш ќе можете да сметате на помош кога вам ќе ви биде потребна, а тоа значи повеќе време за себе, а помалку за прекумерна ангажираност во врска со работата.

Работете напорно, играјте опуштено

Сигурно сте слушнале за фразата Work hard play hard. Но, во овој случај, ви кажуваме да играте опуштено. По долгиот работен ден, не заборавајте да одвоите време за себе. Без разлика дали сакате да се опуштите со вкусна вечера или добар филм или пак да го поминете времето со вашите најблиски, не занемарувајте го делот од времето кој ќе ви помогне да се посветите на себе и да се опуштите. Може да се случи да бидете во искушение да пребарате уште некој кандидат на LinkedIn Или да продолжите да работите и за време на викендите, но ве советуваме да направите напор да го зачувате викендот за вас.

За крај, постојат и многу други начини кои ќе го олеснат вашиот „регрутерски живот“ но ова се дефинитивно чекори кои ќе ви помогнат да ги направите првите напори кон подобра рамнотежа помеѓу вашата професија и вашата приватност.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...