Како да ја промовирате вашата компаниска култура од далечина

од 24HR

Работата од далечина пристигна, и таа нема да оди никаде наскоро. Но, што се случува со културата на компанијата на која сте работеле толку напорно сега кога вашата компанија работи од дома?

Па, добрата вест е дека културата на компанијата сè уште може да опстојува и да се развива од далечина. Само треба да знаете како правилно да го направите тоа.

Зошто е важна културата во далечинска компанија?  

Наједноставно, културата на компанијата е збир на заеднички вредности, цели, ставови и практики кои го дефинираат обликот и карактерот на една организација.

Културата на далечинската компанија е од витално значење од истите причини како што е традиционалната компаниска култура: вработените најверојатно ќе уживаат во својата работа и ќе бидат попродуктивни кога нивните потреби и вредности се совпаѓаат со нивните претпоставени и компанијата.

Овие потреби се понагласени во моделите за работа од дома кога вработените се буквално и фигуративно изолирани. Промовирањето на културата на вашата компанија за вработените од далечина ја зајакнува идејата дека тие се потребни, ценети и дел од нешто заедничко.

Сознајте ги и споделете ги вашите вредности

Еве нешто што сите ние го знаеме – не можете да ја промовирате културата на компанијата – далечински или на друг начин – ако ја немате. 

Пред да започнете да размислувате за промовирање култура во далечинска компанија, преиспитајте и консолидирајте што всушнот претставува таа култура. Без разлика дали станува збор за ажурирање или потсетување на вашите вредности или само одвојување секунда за да ја дефинирате културата на вашата компанија, тоа ќе ви даде поголема мотивација и акцент при споделување. 

Прашајте го вашиот тим што е важно за нив, односно што значи компанијата за нив. Какви идеи имаат за насоката на компанијата и каква треба да биде нејзината култура? Дури и гестот да ги прашате за нивниот придонес може да оди многу далеку.

Направете ги вашите состаноци лице в лице

Ништо не може да ја замени личната комуникација лице в лице. Но, благодарение на видео технологијата, тоа можеме да го направиме и виртуелно.

Состаноците со видео врска лице в лице можат брзо да ве ослободат од осаменоста да гледате цел ден во компјутерскиот екран и се одличен начин за промовирање на културата и односите во далечинската компанија.

Тоа дури и не мора да бидат деловни разговори. Зошто да не ги пробате обичните пријателски разговори? Овие разговори се кога два члена на тимот се поврзани во текот на неделата. Потребни им се десет минути во понеделник и петок наутро за да имаат десетминутен разговор (или повеќе, ако тоа ви го дозволува обемот на работа). Тие можат да зборуваат за нивната работна недела, за нивниот живот или за некои други вообичаени работи надвор од работата.

Можете исто така да се обидете со некои креативни ice breakers кога се подготвувате за подолги сесии за бреинсторминг или виртуелни тим билдинзи. Ова е одлично за поттикнување ефективна комуникација и креативно размислување. И уште повеќе, тие активности се многу забавни.

Направете забавни иницијативи ширум компанијата

Во старите добри времиња, кога луѓето работеа во канцеларии, поврзувањето во компанијата беше едноставно како одење во бар.

Денес, треба да бидете креативни во пронаоѓањето на активноста која ќе го одржи вашиот тим вклучен. Трикот е да се избере нешто каде што луѓето се активни и вклучени.

Може да биде нешто едноставно како виртуелен пијалок после работа каде што ќе разговарате со вашите вработени како обични пријатели. На овој начин ќе ги имате сите придобивки како на физички настан додека уживате во удобноста на вашиот дом.

Професионален велнес

Од суштинско значење е вашиот тим да има простор и можност да сподели како се чувствува кога работи од дома, од канцеларија, од нивната работа и од сè друго што може да влијае на благосостојбата на вработените додека се на работа. 

Како што рековме претходно, од суштинско значење е да му дозволите на вашиот тим да има право на глас што ќе ја обликува културата на компанијата. Исто така, пристапот до канали за повратни информации е од витално значење за здраво работно место, особено во ова време кога сите ние се адаптираме на новите услови за работа.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...