Катерина Антевска ги раскажува нејзините впечатоци кои ги стекнала првиот месец од нејзиното работење во А1 Македонија.
Твојот прв ден во А1…
Возбудена бидејќи почнувам ново поглавје во професионална смисла и почнувам со работа која отсекогаш сум ја сакала, во која се пронаоѓам, која одговара на мојот карактер и темперамент. Иако се’ ми беше ново – колегите, просторот, работата, сепак немав сомнеж или колебање, веднаш се почуствував како дел од тимот. Сите колеги срдечно ме прифатија и веднаш знаев дека пред мене се уште поголеми успеси во А1.
Што ти остави најголем впечаток во првите неколку дена?
Најсилните впечатоци ги оставија работната атмосфера, организараноста на компанијата која мисли на сите потреби на колегите, и почитувањето на посебноста на секоја индивидуа.
Веќе еден месец си дел од А1. Колку брзо се вклопи со тимот, работните задачи, начинот на работа и корпорациската култура?
Можам да кажам дека одлично се вклопив во А1 тимот. Колегите се тука да ми објаснат се’ што е потребно, веќе активно учествувам и на состаноци и едвај чекам да го заокружам процесот на обука за и јас самостојно да ги извршувам обврските и со задоволство да донесам нови корисници во А1. Обуките се одлично конципирани и овозможуваат брзо да се совлада проблематиката.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.