Кои се лекциите?

од 24HR

Колумна на Викторија Јордановска основач и мастер тренер во Vienna International Academy of NLP (VIANLP)

За да напредуваме и да водиме исполнет живот, верувам дека треба да ја негуваме најважната врска во нашиот живот – онаа што ја имаме со самите себе!

Земјата се буди од зимскиот сон – зеленото е позелено; розово, жолто и бело го обојуваат пејзажот; воздухот е исполнет со слаткиот, опоен мирис на расцветаните дрвца – мирис што носи шепот на обновување; мелодијата на птиците ги гали ушите смирувајќи го умот; Сонцето ги грее коските, и зрак на надеж ја топли душата. Пролетта штотуку започна, а со неа и ветување за нов почеток. 🌷

Па, ајде да почнеме…

Неодамнешните настани ме потресоа до длабочините на моето битие. Кочани – градот на мојата прва љубов, градот на мојот татко, градот каде што имам безброј спомени растејќи, градот што моите родители го нарекуваат дом… моето срце крвари. Тоа е и мој град. Болката што ја чувствувам се протега надвор од личните врски; заедничка човечка тага е да се дознае дека 59 млади животи исчезнаа за само неколку часа, проголтани од горчлива мешавина на неодговорност, игнорантност, рамнодушност, алчност, корупција – и можеби,во нејзиниот корен, страв за опстанок.

Нема да ги анализирам причините, ниту да препишувам решенија и да давам совети.Наместо тоа, исто како што правам со моите клиенти, ќе понудам прашања – прашања за кои се надевам дека ќе разбудат нешто во нас, ќе фрлат светлина на затемнетите процеси и ќе направат разлика, и индивидуално и колективно.

На мојот пат и патот на оние покрај кои сум чекорела, научив дека секој настан што нè изместува од рамнотежа има некаква цел. Трауматските моменти – дали е тоа животно-загрозувачка болест, ненадејна загуба на некој близок или трагедија како оваа во Кочани – не се само случајност. Тие настани се брутални учители, немилосрдни и безмилосни, слични на најстрогите учители во училиште што ни предизвикувале страдање. Тие доаѓаат носејќи лекции што треба да ги научиме.

Кога ќе ни се случи некаква катастрофа, нашиот прв крик често е: Зошто? Зошто јас?

Кога ми дијагностицираа редок тип на рак и јас се борев со прашањето: Зошто јас? Тоа е рефлекс, исто толку човечки колку и солзите што ги пролеваме. Но, тоа е и прашање што нè врзува за жртвената улога, одземајќи ни ја силата токму кога ни е најпотребна. Уште полошо, може да нè врзе за срам и вина, како да се осмелуваме да прашаме: Зошто не некој друг? Овие чувства нè гризат одвнатре и оставаат длабоки белези.

Пред да продолжиме, неколку соопштенија:

Наскоро ќе го одржам првиот вебинар од програмата Внатрешна експедиција. Онлајн од комфорот на Вашиот дом ќе можете под мое водство да ѕирнете навнатре, во себе и да тргнете на патот кон себеспознавање и себељубов. Можете да го набавите вашиот билет овде, и можеби дури и да подарите еден за вашиот најдобар пријател или пријателка – цената е вистински достапна за секој! Причината е: сакам да го видам секој човек како длабоко се сака себеси.

Две НЛП групи ќе ја започнат трансформативната програма во 2025 година, една во Скопје и една во Виена. Работам во мали групи. За да се приклучите на мојата трансформативна програма за НЛП Практичар и да ја создадете личноста што сакате да бидете, тогаш пријавете се на листата на чекање, и јас ќе ве контактирам.

Ајде сега да продолжиме,

Како ќе продолжиме од тука е најважно!

Настани како овој нè менуваат на клеточно ниво. Промената е неизбежна, прашањето е во која насока ќе се смениме?

Што ако, наместо да се задржуваме на Зошто јас?, прашаме: Што сега? Што можам да научам? Како можам да растам? Овие прашања не ја бришат болката – не можат, ништо не може да ја намали болката… но, тие го менуваат тлото под нас. Нè извлекуваат од живиот песок на очајот и нè поставуваат на пат кој дава смисла. Трагедијата во Кочани, како и мојата борба со болеста, е учител што никогаш не го посакувавме. Брутален, непопустлив, а лекциите се доставени преку бура на тага. Сепак, една од моите најголеми лекции во овој живот е: не мора да ни се допаѓа учителот за да ја научиме лекцијата! Всушност, често најстрогите учители ги врежуваат најдлабоките мудрости во нашите души.

Што може загубата на 59 млади животи – украдени од каскада на човечки пропусти – да нè научи за кревкоста на постоењето?

Уште поважно, што може да нè научи за одговорноста? Лесно е секогаш да ја фрламе вината на другите, на системот, на тие или нив… но, ајде да го свртиме фокусот навнатре и на индивидуата!

Како јас сум одговорен или одговорна? Како јас придонесувам?

Дали овој настан ќе нè инспирира да ја кажуваме нашата вистина дури и кога е непријатна? Што бара од нас како индивидуи и како колектив – град, нација, човештво? Дали можеби е будење за системите што се распаѓаат, повик да изградиме нешто посилно, поемпатично, поправедно?

Овие прашања не се наменети да смират или да поедностават. Тие боцкаат, баш како што треба во овие моменти. Но, тие исто така нè насочуваат кон можности. Нè повикуваат да погледнеме во бездната и да најдеме не тага или беспомошност, туку семе на сила и трансформација. Што ако оваа болка е покана? Покана да го цениме минливото, да го поправиме скршеното, да изградиме врски што ќе го надживеат урнатото? Што ако, во нашата заедничка мака, откриеме издржливост што не знаевме дека ја поседуваме? Што ако, колку и да сме мали, можеме да направиме голема разлика?

И откако бурата ќе помине, нема да се сеќавате како сте ја пребродиле, како сте успеале да преживеете. Ниту пак ќе бидете сигурни дали бурата навистина завршила. Но, едно е сигурно. Кога ќе излезете од бурата, нема да бидете истата личност што влегла во неа. Тоа е целта на оваа бура.“ – Харуки Мураками

Јас сум го одела овој пат. Ракот ме соголе, ме остави да се сомневам во сè што мислев дека знам. Сепак, во неговиот немилосрден притисок, најдов нешто неочекувано: цел и мисија. Преживувањето стана повеќе од издржување – стана еволуирање. Тоа значеше да се ослободам од старите познати идентитети и да замислам која би можела да станам. Уште едно прашање што можам да го понудам овде е:

Кој/а ќе станеш?

Затоа што вистината е: имаш избор!

Траумата нè руши, но не може да диктира

како ќе се подигнеме. Дали ќе дозволиме

вината и срамот да нè врзат за минатото,

или ќе ги обработиме, ќе ги испочитуваме

и ќе чекориме напред? Како ќе живееме

поинаку по оваа загуба? Што ќе

избереме, секој момент од секој ден?

Дали конечно ќе ја прифатиме

одговорноста за сите наши постапки –

индивидуално, секој од нас? Лекциите се

тука, тие чекаат да ги научиме.

Нè прашувам: Што сега?

Како ќе ги почитуваме овие 59 души – не само со зборови, туку со животите што ги водиме? Дали ќе изградиме свет каде неодговорноста и рамнодушноста немаат упориште? Дали ќе станеме заедница што се поддржува меѓусебно, не само во криза, туку секој ден? И во себе, дали ќе ја најдеме храброста да ја трансформираме оваа рана во извор на сила? Кои се можностите за нас?

Ајде да почнеме, индивидуално – и штом почнеме да се менуваме индивидуално, системот ќе следи!

Учителот е немилосрден, да. Но, неговите лекции се наши да ги обликуваме. Додека стоиме во сенката на оваа трагедија, ајде да избереме – не чувство на жртва, туку дејствување; не очај, туку цел, не бегство, туку одговорност. Не само за нас, туку и за генерациите што доаѓаат по нас! Ајде да живееме на начин што ќе направи нивната загуба да значи нешто.

За крај,

Мојата порака за месец март е:

Размисли, кои се лекциите

што можеш да ги научиш

од непријатните настани?

Донирај за Кочани:

Можеш и ти да помогнеш на преживеаните, нивните семејства и семејствата на жртвите. Донирај. Кој колку може и како може 👇https://supportkocani.com/?fbclid=PAZXh0bgNhZW0CMTEAAabTtICyQmR_sr9rMlO33LCobDJmWnmrZln0UeV89DOYro6Azku8MUnKjnM_aem_K5bFczeWJQfJo9Fu5LbEbw&lang=en

* Оригиналниот текст е објавен на Англиски јазик и можете да го прочитате на следниот линк: https://www.linkedin.com/pulse/whats-learning-viktoria-jordanovska-io4jf/?trackingId=EIN%2B6RLTQN2Wid4Ayuruyw%3D%3D

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...