МАСЕХ ќе организира два значајни и поврзани настани кои ветуваат извонредни искуства и знаења за сите учесници на 29-ти и 30-ти мај 2024 година

од 24HR

Првиот настан, Quintaum Excellence Gala: Вечер на признание и прослава, ќе се одржи на 29-ти мај во Хотел Русија, Скај Бар, со почеток во 19:00 часот. Оваа вечер ќе биде посветена на признанија и прослава на најголемите достигнувања во полето на искуството на клиентите и вработените. На овој настан ќе се одбележи успехот на пет македонски компании кои добија признание GREAT EMPLOYEE EXPERIENCE во рамки на програмата за сертификација на искуството на вработените Quintaum Employee Experience Certification Programme MACEX 2024. Настанот ќе биде одлична можност за вмрежување со водечките професионалци и лидери од индустријата, размена на идеи и поставување на темелите за идни соработки.

Вториот настан, FIRESTARTER24: Меѓународна конференција за искуство на клиенти и вработени, ќе се одржи на 30-ти мај во хотел DoubleTree by Hilton, Скопје. Оваа конференција ќе понуди ден исполнет со иновации, инспирација и нови знаења. Ќе бидат истражени најновите трендови, најдобрите практики и стратегии за унапредување на искуството на клиентите и вработените. Со над 150 професионалци, учесниците ќе имаат можност да се вмрежат и да учат од врвните експерти и лидери од различни индустрии. Предавачите и панелистите на конференцијата доаѓаат од различни деловни области од Македонија и странство, меѓу кои:

  • Kристина Долдинг, основач на Тhe Colleague and Customer Experience Company, Велика Британија
  • Моника Лапања, директор на Центарот за бизнис извонредност на Економскиот факултет, Универзитетот во Љубљана, Словенија
  • Алеша Мижигој, извршен директор и сопственик на Medex, Словенија
  • Андреја Кодрин, извршен директор на Quintaum – Дијагностика за одржливо лидерство и издржливи организации, Словенија
  • Скот Ли Холовеј, менаџер за клиенти, APS банка, Малта
  • Барбара Бамингер, раководител на управување со искуство и трансформација, А1 Телеком Австрија
  • Дафина Кирби, генерален директор на Kirby Coaching, Велика Британија
  • Димитриос Николаидис, извршен директор Embryolab IVF Клиника за плодност Солун, Грција
  • Драган Ѓорѓевиќ, Здружение за искуство со клиенти и вработени на Србија
  • Биљана Мишиќ, извршен директор на Иуте Македонија,
  • Ардиан Бехлули, координатор за корпоративно управување на Малиќи Груп и генерален менаџер на Ентернет,
  • д-р Лулзим Адили, менаџер на Ново Нордиск Косово, фасилитатор, коуч и консултант за лидерство и
  • Кети Ангелковска, комерцијален директор на Кола.
  • Марија Дуковска Павловска, генерален менаџер на Макстил,
  • Александар Манев, извршен директор на Кроација осигурување,
  • Дојранка Анастасовска Цветковска, директор за човечки ресурси во Реплеки Арион Ризај, основач и извршен директор на HumanPower и KosovaJob.

МАСЕХ како организација посветена на унапредувањето на искуството на клиентите и вработените очекува дека овие настани ќе придонесат за актуелизација на овие области во Македонија и пошироко.

Ве покануваме да ни се придружите и да бидете дел од оваа извонредна приказна на успех, иновации и извонредност.

Агенда за конференцијата

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...