Меѓународна конференција за контролинг на тема:POINT OF DECISION- Controlling

од 24HR

Под покровителство на Меѓународното здружение на контролери (ICV- International Controller Verein), консултанската компанија Контролинг Бизнис Центар од Скопје, ја организираат четвртата по ред Меѓународна конференција за контролинг на тема : POINT OF DECISION- Controlling. Темата на конференција е инспирирана од неизбежната функција на контролингот во сите подрачја и области. Сведоци сме дека во последните години контролингот е најчесто дискутирана тема, неговата употреба станува нужност во деловниот свет, се настојува негова имплементација во сите области, едукација на контролери и менаџери на сите хиерархиски нивоа, се со цел да се подобри продуктивноста на самите организации.

Постигнување на деловен успех е цел речиси на сите организации без разлика дали се приватни или јавни, за тоа да се постигне потребно е да се обезбедат корисни и правовремени информации врз основа на кои управувањето со организацијата би било ефикасно и ефективно. Одговорноста на менаџментот за успехот на компанијата се повеќе создава товар на топ менаџментот во компаниите поради што во последните години голем број организации пристапија кон имплементација на контролинг системот со цел да добијат поквалитетно управување со идните случувања и врз основа на информациите од контролинг. Во таа насока, брзиот развој на технологијата, бара од организациите и менаџерите прилагодување на промените, создавање на агилни организации, автоматизација на процеси и оптимизација на оперативните активности, како би можеле да останат конкурентни на пазарот. Со помош на контролинг функцијата, компаниите стануваат флексибилни и агилни и на тој начин лесно се прилагодуваат на пазарните услови кои непрекинато се менуваат, флексибилноста од друга страна им овозможува да направат брзи промени во стратегијата, производите и услугите кои ги нудат на пазарот, се со цел навремено да реагираат на промените и да создадат нови деловни можности. Контролинг по дефиниција значи управување со процеси, луѓе и информации и сам по себе гради флексибилна и агилна организација, во таа насока организациите кои имаат воспоставено систем на контролинг имаат компетитивна предност во привлекување на висококвалификувани вработени, на кои може да им понудат организација со систем на вредности.

Како единствен извор на информации, контролингот исто така помага во ефикасно мерење на клучните индикатори на перформанс (KPI) во организациите врз база на кои се мери продуктивноста и профитабилноста на различни нивоа на менаџмент. Ефикасната комуникација со сите консументи на извештаи во компаниите е двонасочен процес и од таа причина испраќачот на извештајот мора да испрати јасна порака до примачот како би можел истиот да донесе правилна одлука.

Што да очекувате?

Очекувајте извонреден настан од областа на контролинг,  на кој ќе присуствуваат извонредни предавачи и панелисти од Македонија, Хрватска и Србија, кои ќе пренесат практични примери од својотата област на работење.

Овој настан ќе се одржува на, 19 Април 2024 од 09:00 – 17:00, и ќе бидат обработени различни теми со конкретни примери и ќе се обидеме да решиме многу дилеми, сомнежи, прашања и грижи, кои се поврзани со секојдневното комуницирање во и надвор од компаниите.

За кого е наменета конференцијата?

Конференцијата е наменета за сите сопственици на бизнис, контролери на сите нивоа на менаџмент, менаџери на сите организациски нивоа, сопственици на деловни процеси, аналитичари, стручњаци за ИТ што работат на деловни решенија за поддршка на контролинг и известување (BI, DW, планирање), финансиски и сметководни менаџери, HR менаџери и сите други што сметаат  дека треба да го применат новиот начин на управување на компаниите со кој ќе ја зголемат ефикасноста и ефективноста.

Детали за конференцијата:

  • Локација: х. Holiday Inn
  • Котизација за настанот: 7.100 ден ( со вклучен ДДВ), 20% попуст за членови на ICV и 10% попуст за слушатели на Академијата за контролинг (CA Controller Academy)
  • За пријавени повеќе од 3 слушатели од иста компанија следува попуст од 20%
  • 30% попуст за студенти и невработени, краен рок на пријава 13.04.2023
  • За пријава и уплата до 20.03.2024, следува 15% попуст;
  • За секој пријавен управител на компанија, следува една карта ГРАТИС;
  • Пријава и информации на: mitka@controlling.mk ; контакт: 389 71 334 845
  • Пристап до конференцијата ќе имаат сите тие што  се регистрирале и извршиле уплата до наведениот рок;
  • Комуникација ќе се изведува на: македонски, хрватски и српски Јазик;
  • Конференцијата ќе биде отворена 30 мин пред почетокот;
  • Презентациите од настанот ќе им бидат доставени на сите учесници, по завршување на конференцијата;
  • Нема да биде дозволено снимање на настанот;
  • Попустите не се собираат

Програма:

CA Controlling Team, Kontroling Biznis Centar – WINGS KINDERGARTEN

  • Violeta Mitkovska – CA Certified Controller (Atlantic Grupa)
  • Ivana Atanasova – CA Certified Controller (SOS- Detsko Selo)
  • Dijana Avramovska -CA Certified Controller ( Imperial Tobako)
  • Hristina Nasevska – CA Certified Controller ( Tigo )
  • Katerina Treneska-Aleksoska – CA Certified Controller (Majorel)
  • Grozdanka Ivanovska – CA Certified Controller

Mario Korbar, Business Solution Consultant – Data Sense – IT alati za potporu kontrolinga

Martin Josifov, Head of Operative Controlling at EVN Macedonia – Data driven decision making in a dynamic business world

Панел

  • Goran Ilijevski, Direktor za prodazba – KOLA GRUPACIJA
  • Jana Gjorceva-Korubin, Controlling Manager – ZEGIN Grupacija
  • Tomida Karaivanova- Aladjozovska, Corporate HR Director – Maliqi Group
  • Elena Nikovska-Arsovska, Head of Management Information System Unit- ProCredit Bank

Aleksandar Stojanovic, founder & CEO, FIscallion – Evolucija CFO TECH STACK-a

Dubravka Lacic, poslovni consultant, BASIS SAVJETOVANJE – Kalkulacija cjena nije bauk

Zorica Popovska, founder & CEO, Sensum – Mindset matters: Where you set your thoughts, you pave your path.

Автор:

Митка Мојсовска – КОНТРОЛИНГ БИЗНИС ЦЕНТАР, долгогодишен тренер и имплементатор во областа на контролинг, која повеќе од 10 години во континуитет ги следи   и   имплементира   искуствата   од   регионот   и   Европа.   Митка   Мојсовска   е  единствен лиценциран тренер и партнер на Controller Akademie Munich, во Република Северна Македонија.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...