Надица Ставрова, Телеперформанс: Здравјето на вработените е наш главен приоритет

од 24HR

„Телеперформанс обезбедува целосна грижа за здравјето и добродетот на вработените преку обезбедување на активности, обуки, едукативни сесии поврзани со менталното здравје, нутриционизам и физички вежби“, вели Надица Ставрова – HR Бизнис Партнер во Телеперформанс Скопје.

Грижата за менталното здравје на вработените добива сè поголемо значење во корпоративниот свет. Да се има добра работа не значи само да се заработува добра плата, туку и да се биде дел од компанија каде што луѓето се важни . Одличен пример за тоа e Телеперформанс каде што моментално работат преку 350 вработени, a позади нив стои компанија која се грижи секој еден вработен да се чувствува ценето, задоволно, среќно и почитувано. Денес, по повод Светскиот ден на менталното здравје, 24HR разговараше со Надица Ставрова –HR Бизнис Партнер во Телеперформанс – која со задоволство ни раскажа за сите активности и планови кои ги подготвува компанијата во месец октомври.

Која е Надица Ставрова? Колку време сте дел од Телеперформанс и кои се вашите работни задачи во компанија?

Надица е доста голем ентузијаст за кој едноставно не постојат невозможни работи, барем така велат моите најблиски. Имам завршено EMBA – магистер по бизнис администрација на меѓународната програма на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ во Солун. Емпатијата кон луѓето, како и сопствената верба во човечкиот потенцијал, ме насочуваат во изминатите 13 години да се фокусирам целосно во областа на човечките ресурси.

Во Телеперформанс се придружив пред околу 3 месеци, на позицијата HR Бизнис Партнер. Во нашата организација оваа работна позиција опфаќа комплетно менаџирање на сите HR процеси, нивна усогласеност со законската регулатива, како и сите корпоративни практики кои се опфатени со  “employee welfare program“ како и “employee engagement program“.

Кажи ни нешто повеќе за Телеперформанс и активностите кои ги преземате за подобрување на благосостојбата на вработените?

Телеперформанс е општествено одговорна компанија, каде што грижата за вработените е неделив  дел од процесите и активностите. Нашиот пристап е целосно насочен кон континуирано обезбедување на одлични услови на работење, доверба, интегритет, заеднички фокус и стремеж заедно да ги оствариме нашите стратешки  цели и перформанси. Како резултат на тоа Телеперформанс обезбедува целосна грижа за здравјето и добродетот на вработените преку обезбедување на активности, обуки, едукативни сесии поврзани со менталното здравје, нутриционизам и физички вежби.

Дознавме дека вашата компанија од месец октомври организира бесплатни неделни работилници по јога, пилатес, терариум и готвење. Што е тоа што сакате да го поттикнете кај вработените преку нив?

Во изминатиот период започнаа бесплатни обуки и онлајн вежби за јога, пилатес, терариум работилница, готвење исл. Овој тип на работилници овозможуваат целосен развој и поттик на креативноста кај нашите вработени, заедничко дружење, како и поставување на наши заеднички цели по поглед на физичка кондиција и фит животен стил. Ова се светски трендови и техники кои имаат огромно влијание за подобрување на здравјето и грижата за вработените.

Телеперформанс застана позади глобалната кампања „Розов Октомври“ за подигнување на свеста за борбата против рак на дојка. Кажете ни нешто повеќе за тоа?

На наша иницијатива со локалната организација Борка, изградивме партнерски релации кои ни овозможуваат да се вклучиме, не само на ниво на групација во оваа иницијатива, туку и локално каде што се нашите бизнис активности. Земајќи го во предвид фактот дека ние сме компанија каде поголемиот број на вработени се жени, решивме целосно да се посветиме во покренување на свеста не само на нашите вработени, туку заедно да дадеме свој придонес и да влијаеме на околината. Преку низа на активности започнувајќи со одбележување на Денот за превенција на рак на дојка на 15ти октомври, со доставување на едукативни матерјали,обезбедување на маички, организирање на наша TP розова трка на 16ти октомври, овој циклус на активности ќе го завршиме со обука на вработените, за самоконтрола и важноста на женското здравје.

Кажавте дека на 16ти октомври вашите вработени ќе бидат дел од Race for the Cure – најголемата трка и прошетка во Европа за подигнување на свеста за борбата против рак на дојка. Дали се подготвувате и кои се вашите очекувања од овој настан?

Да, ние самостојно организираме наша трка преку учество и регистрирање на Race for the Cure. Од овој настан очекуваме, пред сè, дружење и како тим да дадеме подршка преку учество во оваа меѓународна иницијатива, во пренесување на пораката за важноста на женското здравје.

Дали сметате дека менталното здравје на вработените ќе станува сè поважна тема во иднина, односно дали мислите дека иднината на работното место се врти околу благосостојбата на вработените?

Доброто ментално здравје е клучно за целокупното здравје и благосостојба на секој поединец. Особено сега кога пандемијата на коронавирусот ги наруши нормалните активности и влијаеше врз работниот и животниот стил не само кај нас, туку насекаде во светот, потребно е да се посвети огромно внимание. Оваа година беше доста предизвикувачка со брзи промени и адаптација што секако има влијание врз сите нас. Јас би рекла дека треба да се надминат стереотипите и табуата поврзани со потребата да се грижиме за менталното здравје, сè повеќе да инвестираме сами во себе, пред сè, како поединци и како тим. Некои од најдобрите техники за опуштање се јогата  и медитацијата, или било кој вид на физичка активност.

Дали моментално имате отворени работни позиции и кои се тие?

Да, во моментов имаме проширување на оперативните активности и имаме отворени повеќе работни места на повеќе проекти. Се бараат Агенти за корисничка подршка со германски и швајцарски германски јазик. За да бидете во тек, следете ја нашата фејсбук страната на овој линк.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...