Политика на неграничени слободни денови

од 24HR

Дали во нашиот регион треба приватните компаниите да се префрлат кон моделот на политика за неограничени или флексибилни слободни денови?

Политиката за неограничени слободни денови кај нас ја применија неколку компании од ИТ секторот?Кои се придобивките од политика на неограничени слободни денови?

Со оваа политика вработените можат да земаат неограничени денови за одмор,а менаџментот ги мери резултатите,таргетите,завршените проекти…

Компанијата е таа која треба најпрво да изготви официјален документ во кои ќе бидат наведени правилата за користење на неограничени денови.Исто така потребно е систем за следење на слободните денови.Кои ќе им помогне на работодавачите да имат целосен преглед на деновите кои се користат како слободни.

Компаниите кои го нудат овој модел се фокусираат на резултатите на вработените без да водат грижа дали вработениот бил присутен тој ден,дали си заминал порано или сите 8 часа бил присутен,со тоа се ослободува стресот кај вработениот.Вработениот со мислата дека откако ќе го заврши напорниот проект ќе може да земе слободен ден,не само што ќе биде повеќе мотивиран за проектот,туку ќе биде ослободен од притиокот што го чувствува за важниот проект.

Продуктивноста и благосотојбата се главните придобивки за овој модел на работа.Со тоа вработените имаа рамнотежа помеѓу семејните и работните вредности.Доколку работата е завршена и сте се вложиле целосно зошто да пропуштите некое патување,некој обуки за развој надвор од работата или едноставно ви треба одмор.

Работодавачите ќе се стекнат со висока проуктивност,задоволство кај вработените и секако повеќе таленти кои ќе сакаат да разботат со ваков тип на политика за неограничени слободни денови.

Еве неколку компании кои Glassdoor ги наведе како компании кои имаат политина на неограничени слободни денови: Eventbrite,OpenX,Riot Games,General Electric,SoFi,Glassdoor, Kronos…

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...