Никица Штериева: Осврт кон периодот пред Superior Dispatch Service

од 24HR

Интервју со Никица Штериева, Accounting Manager и една од првите вработени во штипската компанија Superior Dispatch Service.

Superior Dispatch Service е компанија од Штип која веќе петта година успешно ја гради својата приказна во Македонија. Започнувајќи во 2016 година со само 3 вработени, денес компанијата е меѓу најголемите работодавачи во Штип со повеќе од 90 вработени кои уживаат во одличните услови што Superior Dispatch Service ги обезбедува како компанија. Една од тие три вработени е и Никица Штериева со кого 24HR имаше можност да разговара денес. Прочитајте ја нејзината приказна и станете и вие дел од големото семејство на Superior Dispatch Service.

Со компанијата сте буквално откако постоела само како идеја. Колку време и што било потребно да се реализира во она што денеска го знаеме како Superior Dispatch Service?

Точно! Во тој момент работев во Малта, кога пријател ми ја претстави идејата и ми кажа дека имаме клиент кој е отворен за соработка. За да прерасне во тоа што е денес Superior Dispatch Service требаше речиси цела една година да работиме, без 100% сигурност дека нешто ќе вроди со плод. Ама, знаете како велат, првата година е најкритична, а со јасна цел ‘избуткавме’ и многу повеќе.

Малта ја заменивте со Македонија. Што беше пресудно за да се одлучите на овој необичен чекор?

За жал сите бегаат во странство, и јас не бев исклучок, па можете да замислите колку големо влијание изврши врз мене разговорот кога за првпат разбрав за идејата за оваа компанија. Сите факти беа издржани и сето тоа се поклопи со мојот начин на размислување, кој горе-доле се одвиваше вака: Животот е заснован на искуства, а ова е нешто ново и непознато, но доста атрактивно, па зошто да не бидам дел од една посебна приказна и визија?

Спомнавте дека Superior Dispatch Service е посебна приказна во Македонија. Од каде почнува сѐ?

Да, сѐ започна во една импровизирана канцеларија во стан во Скопје. На почетокот моравме да се снаоѓаме со еден телефон затоа што немавме доволно опрема, моравме цело време да комуницираме со клиентот во САД и да учиме некои нови софтвери. Не можам да кажам дека беше премногу организирано, но никој не се жалеше, бидејќи секој ден носеше нов предизвик, а тоа беше она што нѐ мотивираше.

И додека поголемиот дел од компаниите одат од помал во поголем град, Superior Dispatch Service по речиси една година работа во Скопје ги префрла своите канцеларии во Штип. Која е вистинската причина за тоа?

Аплицирајте на
hr@superiordispatchservice.com

Сите бизниси водат кон Скопје, бидејќи таму е поголемиот дел од младината. Меѓутоа унверзитетот во Штип тогаш, а и сега, привлекува една огромна маса интелектуална младина, која бара стабилна работа по дипломирање. Исто така повеќето и потекнуваме од Штип, па некако сѐ се поклопи. Паралелно со тоа, целиме и да ја подобриме економијата во самиот град. Нѐ радува што многу луѓе се заинтересирани да работат кај нас поради релативно повисоките плати, бенефитите и културата која ја негуваме. Се надеваме дека и другите работодавци ќе ги подобрат условите за да ни парираат и да ги задржат младите како што правиме ние. Кога ќе успееме во ова, сигурни сме дека оваа ситуација ќе се преслика и во соседните градови од каде што вработуваме луѓе, а следствено и во целата држава.

Како изгледаше вашата обука тогаш и како изгледа обуката за нови вработени во Superior Dispatch Service денес?

Два збора – Team Viewer! Комплицирано, но мораше да се почне од некаде. Денес секој сектор си има дизајнирано обука од неколку етапи за да може новите вработени да ги запознае со индустријата и да ги подготви во најбрз можен рок. Некои од работите што вработените можат да ги научат преку нашата обуката исто така вклучуваат работна етика и човечки односи.

Денес работите на позицијата Accounting Manager. Низ кои позиции поминавте за да дојдете до овде каде што сте?

Поминав преку сите позиции, од Data Entry, Billing, Accounts Receivable и Payroll за денес да бидам Accounting Manager.

Во која мера Accounting секторот е поразличен од почетокот?

И малку, и многу. Страста за самата работа е сѐ уште присутна кај сите нас. Друго, се разбира, сѐ она што го правев јас сама, сега го правиме 10 души специјализирани во својот дел, но секогаш сите сме спремни да помогнеме каде ‘гори’. Од минатата година имаме и уште еден под-сектор Corporate Accounting, кој е одговорен за административните работи на Superior Dispatch Service како компанија, наместо за клиентите на кои ние нудиме услуги.

Што е потребно за да се стане дел од тимот на Superior Dispatch Service?

Запрашајте се дали сте креативни, дали впуштањето во непознатото ви предизвикува адреналин, дали сте тимски играч, дали бројките не ви предизвикуваат главоболка и, најважно, дали сте амбициозни и дисциплинирани. Доколку одговорите ви се позитивни, веројатно треба да испратите CV на hr@superiordispatchservice.com.

0 коментар
3

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...