Големите технолошки, финансиски и консултантски компании доминираат на најновото рангирање на „Универзум“ за најатрактивни работодавачи во светот за студенти.
Google е на врвот на листата на најатрактивни работодавачи во светот за студенти по бизнис, според најновиот извештај на „Универзум“.
Покрај Google, помеѓу првите пет се наоѓаат Microsoft, Apple, Deloitte и L’Oréal Group.
Истражувањето исто така покажува како дипломците од бизнис училиштата гравитираат кон банкарските и консултантските фирми. Така на пример, 10 од најдобрите 20 рангирани компании се банки како JP Morgan и Goldman Sachs, заедно со консултантските компании како McKinsey & Company и Deloitte.
Најатрактивни се големите технолошки компании
Секоја гдоина, Универзум анкетира повеќе од 200.000 студенти од училиштата за бизнис, инженерство и информатика во 10 големи економии, прашувајќи ги каде најмногу би сакале да работат по дипломирањето и што е тоа што им е најважно кај нивниот иден работодавач.
Едно од највпечатливите сознанија од извештајот е зголемениот интерес на студентите по бизнис за работа во технолошките компании.
Ова е најизразен кај Amazon кој од 26-то место во 2017 се искачи на 6-та позиција во 2021 година.
Во меѓувреме, Google и Apple – најатрактивните компании од 2021 година – со години владееја помеѓу студентите по бизнис. Google е на првото место пет последователни години, а Apple и Microsoft се во топ 10.
Дипломците по бизнис не само што сакаат да работат во иновативните работни средини што ги нудат овие технолошки фирми, туку и имаат идеални вештини за брзи технолошки средини: стратешко размислување, лидерство и анализа на податоци.
Во фирми како Amazon, Google и Apple, дипломците од бизнис училиштата се ангажирани во широк спектар на улоги, вклучувајќи финансии, управување со производи, менаџмент на снабдувачки синџири и маркетинг, акцентирајќи ја атрактивноста на овие компании.
Еве ја листата на топ 20 работодавачи во светот за студенти во 2021:
- Microsoft
- Apple
- Deloitte
- L’Oréal Group
- Amazon
- EY (Ernst & Young)
- KPMG
- J.P. Morgan
- PwC (PricewaterhouseCoopers)
- Goldman Sachs
- McKinsey & Company
- BMW Group
- The Boston Consulting Group (BCG)
- Adidas
- Morgan Stanley
- Bank of America Merrill Lynch
- Procter & Gamble (P&G)
- Nestlé
- Unilever
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.