Полесно до кариерата која ја посакувате со BRAINCAST

од 24HR

Колкупати досега аплициравте за нова работа, но безуспешно?

Никако не успевате да ја погодите „формулата“ за совршеното CV?

Планирате да отворите сопствен бизнис, но не знаете каде да започнете?

Brainster креираше поткаст кој има за цел да одговори на сите овие прашања и да ве подготви за процесот на стартување на нова кариера, поефикасно и полесно.

BRAINCAST е видео поткаст чија главна цел е проширување на знаењата преку директно споделување на искуства и совети од докажани експерти. Темите кои ги опфаќа BRAINCAST се движат од кариерен развој, подготовка за процесот на работа, до лидерство и претприемништво. Гостите се врвни експерти во нивните дејности кои несебично ги споделуваат своите знаења, со цел да ги подготват гледачите да бидат поефикасни во нивниот кариерен развој.

Во епизодата која ја споделуваме во оваа објава, Олгица Наумовска, извршен директор на HSO Global Services, Јана Тодоровска, лидер на Partnerships тимот на Brainster и Петар Ниновски, основач и CEO на Brainster, споделуваат клучни насоки како полесно и побрзо да го совладате процесот на подготовка за интервју, интервјуирање и follow-up.

Зачувајте ги овие препораки и имајте ги при рака во секој момент кога ќе ви се потребни, преземајќи го прирачникот „20 чекори до нова кариера“ достапен на овој линк: https://braincast.brainster.co/careerguide .Погледнете ги сите видео поткасти на BRAINCAST плејлистата и слушнете ги препораките и советите кои ќе ви помогнат полесно да ги совладате сите предизвици на патот до личен и професионален развој. BRAINCAST е достапен и на Spotify.

Кликнете subscribe на Brainster YouTube каналот за веднаш да добивате информација за сите нови, следни епизоди!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...