Интервју со Ставрос Георгакопулос, Лидер на човечки ресурси во Македонски Телеком
Покрај тоа што е лидер во воведувањето на најновите технологии на пазарот, Македонски Телеком е исто така и пионер во имплементирањето на најдобрите практики во доменот на човечките ресурси. Токму затоа компанијата од неодамна е првиот носител на сертификатот Employer Partner во земјата. Се работи за престижно признание коешто им се доделува на субјекти коишто имаат конзистентни практики со највисок квалитет од доменот на човечки ресурси. Како што од Employer Partner наведуваат, компанијата е посветена на поттикнување кариерен раст, развој на вештини и создавање позитивна работна средина во којашто акцентот се става на рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот, здравјето на вработените и нивното целокупно задоволство. Со поставувањето високи стандарди во технологијата, а сега и официјално и во ангажираноста на вработените, Македонски Телеком продолжува да биде вистински лидер во телекомуникациската индустрија во Македонија. За значењето на ова признание, како и за други теми од доменот на човечки ресурси, разговараме со менаџерот за човечки ресурси во Македонски Телеком, Ставрос Георгакопулос.
1. За какво признание станува збор и која е компанијата којашто го доделува?
Станува збор за сертификатот Employer Partner, којшто е меѓународно признание за извонредни практики во доменот на човечките ресурси. Овој сертификат го доделува компанијата Selectio, водечки консултант за човечки ресурси во регионот. Сертификатот се доделува врз основа на детална евалуација на повеќе од 30 различни аспекти на практиките од доменот на човечките ресурси, вклучувајќи го развојот, мотивацијата, овластувањето, безбедноста, трансформацијата на вработените, нивното задоволство…
2. Што покажаа нивните согледувања? Какви се вашите перформанси како компанија врз основа на коишто е донесена одлуката да ви се додели признанието?
Евалуацијата јасно покажа дека Македонски Телеком ги исполнува највисоките стандарди во грижата за своите вработени, на што ние сме многу горди. Особено беа истакнати нашите програми за развој и раст на вработените, како и практиките за безбедност и задоволство на работното место. Дополнително, високо беа оценети нашите активности за мотивирање и овластување на вработените и создавање култура на признавање на напорите и на резултатите, што ја потврдува нашата посветеност на креирање позитивна и стимулативна работна средина. Тука морам да го споменам и балансот помеѓу професионалниот и приватниот живот, а значајно место заземаат и резултатите за менторство и поддршка од страна на претпоставените, интернационалната соработка, како и програмите за учество во разни професионални настани со цел усовршување на вештините на вработените. Сè на сè, еден сеопфатен пакет во чијашто с’рж е благосостојбата на вработениот.
3. Кои се највисоките стандарди во доменот на човечките ресурси денес? Која глобална компанија би ја посочиле како таков пример?
Доминантно, човечките ресурси денес вклучуваат стратегии за развој на таленти, практики за одржување на рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот, активности за зголемување на задоволството, грижа за здравјето на вработените и др. Глобално, Google честопати се посочува како пример за компанија којашто успешно ги имплементира овие стандарди. Нивниот пристап кон иновациите во областа на човечките ресурси е инспирација за многу организации ширум светот.
4. Македонски Телеком е дел од интернационална корпорација. Дали се водите само според специфичните локални практики или ги следите глобалните практики за човечки ресурси?
Стратегијата на Групацијата Дојче Телеком да стане дигитална телекомуникациска компанија на иднината вклучува и постигнување на целта за најпосакуван бренд, што неизбежно започнува од нашата најголема предност – нашите човечки ресурси. Како дел од Групацијата Дојче Телеком, ние ги комбинираме најдобрите глобални практики коишто се предмет на имплементација во рамките на Групацијата со локалните специфики. Исто така, принципот на споделување најдобри практики меѓу компаниите членки на Групацијата Дојче Телеком ни овозможува дополнително збогатување на активностите. Секако, се водиме според глобалните стандарди за човечки ресурси коишто се применуваат во нашата Групација, но истовремено ние овие стандарди ги прилагодуваме на локалниот контекст и култура. Ова ни овозможува да создадеме работна средина којашто истовремено е и меѓународно конкурентна и локално релевантна.
5. Во која насока очекувате да се развиваат практиките за човечки ресурси и со која цел?
Очекувам практиките за човечки ресурси да се движат во насока на поголема дигитализација и персонализација. Со цел да го максимизираме потенцијалот на секој вработен, ќе продолжиме да инвестираме во алатки за персонализирано учење и развој, како и во стратегии коишто ја поддржуваат менталната и физичката благосостојба на вработените. Нашата цел е да создадеме средина каде што секој вработен ќе може да расте, да се развива и да придонесува кон заедничкиот успех.
6. Дали би упатиле некоја препорака до колегите од останатите компании во Македонија?
Мојата препорака е да се фокусираат на вработените како клучен ресурс. Инвестирањето во нивниот развој, обезбедувањето сигурно работно место коешто поттикнува креативност и иновации и градењето култура на оддавање признание и почит се основа за успешна и конкурентна компанија. Успехот не доаѓа само од технологијата и услугите коишто ги нудиме, туку и од луѓето коишто ги прават тие успеси возможни.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.