Примена вакцина како услов за вработување

од 24HR

Работодавците почнаа да бараат вакцинирани кандидати во огласите за работа, а овој феномен може да прерасне во масивен тренд.

Голем број реномирани работодавци низ САД и Канада започнаа да ја вклучуваат вакцината против Ковид-19 како услов во нивните огласи за работа, откри најновата студија на Ladders Inc.

Истражувањето, кое вклучува преглед на 3,8 милиони огласи за вработување во САД и Канада во текот на изминатите две години, откри пораст на работните места во кои вакцинацијата се наведува како услов за 5.000% од јануари до денес.

Во ноември 2020 година, бројот на огласи каде компаниите бараа вакцина, и тоа за грип, изнесуваше само 54. Денес, сите овие компании ја имаат наведено вакцината како услов во нивните огласи.

Директорот на Ladders Inc., компанијата која стои позади ова истражување, изјави дека овој тренд се очекува да се прошири и во останатите компании, од мали бизниси па сè до големи корпорации.

„Ако во минатото ова беше пракса само кај компаниите од здравствениот сектор, денес овој тренд се забележува во сите индустрии“, рече Марк Сенедела, опишувајќи го овој феномен како почеток на масивен тренд.

Според него, фактот што во речиси секој оглас за вработување се споменува вакцината како задолжителен услов е зачудувачки бидејќи барањата и предусловите за вработување вообичаено се вклучени во прирачниците за вработени, а не во огласите за работа.

Тој очекува бројот на компании кои го бараат ова да продолжи да расте во текот на есента и зимата со оглед на тоа што сè повеќе вакцини добиваат целосно одобрување од Управата за храна и лекови.

Сенедела вели дека барањето за вакцина наскоро би можело да станат стандарден услов за високоплатени работни места во САД и Канада.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...