Како до успешно враќање на работа по породилно отсуство? Ова е темата на еден малку поразличен онлајн курс што ги обработува најголемите предизвици со коишто една жена се соочува кога треба да го направи преминот од породилно отсуство, назад на работното место. Оваа промена може да биде многу стресна, особено кога жените не се спремни за тоа.
„Целта на оваа програма не е апстрактно да зборуваме за темите што те мачат, туку да ти дадеме конкретни алатки како ти да се справиш со проблемите. Сите совети се базирани на лични искуства од мајки од нашата заедница и се целосно апликативни на нашето поднебје (за разлика од рандом совети што би ги прочитала на Google)”, вели Данче Азманова Мирчевска, креатор на курсот и основач на платформата workingmom.mk
Овој онлајн курс е резултат на искуства собрани од над 300+ мајки од нашата држава што ги поминале предизвиците со коишто новите мајки се соочуваат моментално. Оваа програма опфаќа 28 одделни предавања со безброј практични и лесни совети за секоја од маките што ќе можат да ги применат уште истиот ден.
Програмата е наменетa за новите мајки што се на породилно отсуство, што одбројуваат уште некој месец пред враќање на работа. Би било одлично да го слушнат и бремените жени, чисто за да дознаат што ги очекува во блиска иднина. Во курсот има лекција посветена и на татковците за тоа како тие можат да ѝ пружат поддршка на мајката во овие хаотични периоди.
Еве кои се темите што ги опфаќа програмата:
- Како да се справиш со најчестите општествени притисоци и стереотипи
- Да ја намалиш грижата на совест и чувството на вина
- Да ја избереш најсоодветната опција за чување на детето: градинка, баба, негувателка
- Како може партнерот да те поддржи во овие периоди
- Чек листа за успешно враќање на работното место
- Справување со најчестите предизвици на работно место како нова мајка
- Како да се организираш околу доењето додека си на работа
- Доење и враќање на работа
- Одмолзување и складирање на млеко
- Како компанијата може да те поддржи како родител
- Како законот те заштитува како нова мајка?
- Предности и недостатоци на работа од дома vs. од канцеларија
- Како родителувањето те прави подобар професионалец
- Тактики за паметно менаџирање со денот и воспоставување баланс
- Како максимално да го искористиш лимитираното време со детето
- Стратегии за справување на работа од дома со дете
- Што да правиш кога работиш од дома, а детето ти е болно
- Квиз за да дознаеш колку си прегорена
- Тактики за како да се грижиш за себе
Дополнително, учесниците ќе добијат и неколку подароци креирани од тимот на Working Mom.
Ако сметате дека ова е нешто ќе ви помогне вам или на ваша блиска личност што одбројува месеци назад до враќање на работа, овде може да ја купите програмата:
https://mamma.mk/course/kurs-vrakanje-na-rabota-po-porodilno-otsustvo/
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.